Zëvendës Shefi i Misionit Eric Meyer

Заменик шеф на мисија Ерик Мејер
Амбасада на САД во Скопје

Ерик Мејер, дипломат од кариера, ја презема должноста заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Скопје во август 2021 година.

Ерик служел како генерален конзул на САД и главен службеник во Алмати, Казахстан, застапувајќи ги интересите на САД во јужен Казахстан, единствениот конзулат на САД во Централна Азија. Од 2016 до 2017 Ерик служел како специјален помошник во Бирото за јужна и централна Азија во Вашингтон.  Пред тоа, бил генерален конзул во Пном Пен, Камбоџа каде често служел како вршител на должност заменик амбасадор.

Претходно, Ерик бил конзул во Амбасадата на САД во Хелсинки, Финска каде исто така бил дел од бордот на Комисијата за Фулбрајт. Неговата прва дипломатска задача била како вицеконзул во Буенос Аирес, Аргентина, а подоцна како службеник за култура во Каиро, Египет. Во Вашингтон Ерик работел и како советник во Бирото за океани и меѓународна животна средина и научни работи за време на американското претседавање со Арктичкиот совет.

Пред да стане дел од Стејт Департментот на САД, Ерик работел во полето на корпоративна продажба и владини односи во авиоиндустријата. Дипломирал политички науки на Универзитетот во Беркли, Калифорнија, и има стекнато магистратура од Универзитетот во Џорџтаун. Добитник е на неколку престижни награди на Стејт Департментот, и зборува дански, француски, кмерски, руски и шпански. Ерик е оженет и има две малолетни ќерки.