Неимигрантски визи

Ажурирано Октомври 2022

Амбасадата на САД во Скопје го продолжи процесирањето на сите категории на неимигрантски визии. Во моментов нудиме термини во сите категории за неимигрантски визи за граѓани кои имаат престој или се државјани на Северна Македонија. Термини за сите видови визи ќе бидат достапни по принципот прв дојден, прв услужен, додека има достапни термини.

Апликантите кои ги обновуваат своите визи во една од следниве категории: B1/B2, C1/D, F, H, J, M, L и R чија виза е сè уште валидна или истечена не повеќе од 24 месеци, имаат право да аплицираат за виза без интервју. Исто така, апликантите кои се под 14-годишна возраст и апликантите над 79-годишна возраст може да аплицираат за B1/B2 виза на истиот начин.

Забелешка:

  • Апликантите кои ги обновуваат визите мора да го достават пасошот со старата виза во Конзуларниот оддел.
  • Времето потребно за процесирање на Вашата апликација е 2 недели.
  • Ако конзуларниот службеник има дополнителни прашања, ќе бидете повикани на интервју кога ќе продолжиме со рутинските услуги за визи.
  • Не купувајте авионски билет или не правете планови за патување додека не ја добиете обновената виза.

Сите плаќања за такси за апликација за неимигрантска виза (исто така познати како такса за MRV) направени на или по 1 октомври 2022 година, важат 365 дена од датумот кога е издадена потврда за плаќање на таксата за MRV. Кандидатите мора да закажат состанок за интервју или да поднесат апликација за виза без интервју во текот на овој период од 365 дена. Ве молиме имајте предвид дека апликантите мора само да го закажат своето интервју или да ја поднесат својата апликација за виза без интервју во рок од 365 дена. Интервјуто не мора да се случи во периодот од 365 дена. Сите потврди за плаќање на надоместоци за MRV издадени пред 1 октомври 2022 година, се продолжени до 30 септември 2023 година и остануваат да важат до овој датум.

Ажурирано Август 2020

Конзуларното одделение на Амбасадата на САД во Скопје е одговорно за обезбедување визни услуги за оние кои сакаат да влезат во САД за привремен период и за оние кои сакаат да добијат  престој на неопределено време или постојан престој во САД.

Ве молиме посетете ја нашата интернет страница на Глобални Услуги за Поддршка (GSS) за целосни информации за аплицирање за неимигрантска виза за САД, вклучувајќија  и листата на неимигрантските визи.

За повеќе информации за тоа како да се аплицира јавете се на (+389) 2 551 7475 или (703) 439 2346.

Следете ги следните чекори за да аплицирате за американска виза:

Чекор 1. Одредете го типот на виза кој ви е потребен за патување во САД

Информации за типовите на визи може да се најдат на https://travel.state.gov/content/travel/en.html

Чекор 2. Пополнете го формуларот за виза ДС-160 на интернет

Формуларот ДС-160 може да се попoлни само на https://ceac.state.gov/CEAC. Секој кандидат мора да го пополни овој формулар пред да закаже термин за виза.

Чекор 3. Закажете термин за виза.

Одете на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv и закажете термин за во конзуларен оддел:

  • Креирајте корисничка сметка
  • Внесете го бројот за потврда на DS-160 за секој апликант кој аплицира за виза
  • Довршете го процесот на враќање на документите преку курир
  • Уплатете административна такса за апликацирање за неимигрантска виза (MRV)
  • Закажете го Вашиот термин со избор на ден и време за разговор во конзуларниот оддел

Чекор 4. Присуствувајте на вашето интервју

По Вашето интервју, Ве молиме следете ги конкретните инструкции дадени од конзуларниот оддел или проверете ја оваа веб-страница за статусот на визата и информациите за испораката.

Забелешка: Кандидатите од одредена возрасна група или оние кои ја обновуваат претходната виза за САД може да имаат право да аплицираат за виза без да присуствуваат на интервју. Подобноста за програмата “Ослободени од интервју” се утврдува низ процесот на закажување на термин за виза преку оваа страница. Врз основа на дадените одговори ќе се утврди Вашата квалификација за оваа програма.

Ажурирано Август 2020

Како да аплицирам за виза?

Ве молиме погледнете на  “Како се аплицира” на оваа страница.

Имам проблеми со пополнување на формуларот DS-160. Можете ли да ми помогнете?

Треба да се јавите во кол-центарот на долунаведените броеви.

Од Северна Македонија: +389 2 551 7475

Од САД: +1 703 520 2257

Го поднесов мојот формулар DS-160. Кој е следниот чекор?

Одете на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv и закажете термин за интервју во конзуларниот оддел. За повеќе информации, Ве молиме погледнете  “Како се аплицира”на оваа страница.

Имам важечка виза, но пасошот ми е истечен. Што да правам?

Ако Вашата виза е сé уште важечка, можете да патувате во САД со Вашите два пасоши, сé додека визата е:

  • важечка
  • не е оштетена
  • имате соодветна виза потребна за Вашата главна цел на патување (пример: туристичка виза, кога главната цел на патувањето е туризам)
  • двата пасоши (важечкиот и истечениот со визата) се издадени од иста држава
  • двата пасоши се од ист тип (пример: македонски туристички пасоши или службени пасоши, итн.)

Кога ќе пристигнете во САД, Имигрантскиот службеник за царинска и гранична заштита ќе ја провери Вашата виза во стариот пасош и ако одлучи да Ви дозволи влез во САД, ќе стави печат на новиот пасош со анотација “VIOPP” (виза во друг пасош).

Не обидувајте се да ја отстраните визата од стариот пасош и да ја ставите во новиот важечки пасош. Ако го сторите тоа, визата повеќе нема да важи.

Го оштетив пасошот, но мојата виза е неоштетена. Можете ли да ми кажете дали можам да патувам со пасошот?

Ако Вашиот пасош е оштетен на било кој начин, силно препорачуваме да извадите нов пасош од Вашата матична земја пред да патувате. Ако визата е неоштетена, може да патувате со двата пасоши. Погледнете го погоре прашањето “Имам валидна виза, но мојот пасош е истечен”.

Имам неимигрантска виза која наскоро ќе истече и би сакала да ја обновам. Дали треба повторно да го поминам целиот процес на апликацирање за виза?

Да, треба да го поминете целиот процес на апликацирање за виза секој пат кога ќе сакате да аплицирате за виза, дури и ако Вашата виза е сé уште валидна. Постојат неколку ситуации во кои апликантот  можеби нема да има потреба да се интервјуира при обновување на неговата / нејзината виза. Подобноста за виза се определува врз основа на одговорите што се даваат на прашањата за време на процесот при закажување на терминот. Сепак, конзулите го задржуваат правото да побараат интервју за секој апликант за виза.

Го сменив презимето. Дали мојата американска виза со моето старо име и презиме е сé уште валидна?

Ако Вашето име или презиме е законски променето преку брак, развод или пак судот одредил промена на името или презимето, ќе треба да поднесете барање за нов пасош. Откога ќе добиете нов пасош, Стејт департментот препорачува да аплицирате за нова американска виза за патувањето до и од САД Ви биде полесно.

Поради итен случај морам да патувам веднаш во САД. Дали можам веднаш да добијам термин за виза?

Одете на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv и закажете термин за виза во конзуларниот оддел. Потоа веднаш побарајте итен термин на https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv. Ќе треба да наведете причина за Вашето итно барање. За жал, не можеме да гарантираме дека барањето ќе биде одобрено.

За да стапите во контакт со претставник од одделот за услуги на клиентот, ве молиме посетете ја ГСС Контактирајте не страната за подетални информации или контактирајте не на:

Телефон:
Од Северна Македонија: +389 2 551 7475
Од САД: +1 703 520 2257

Skype: USVISAMACEDONIA

За повише информации во врска со процесот за неимигрантски визи ве молиме посетете ја: https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv/information/niv

Пристап и Известување за безбедност


Само апликантите со закажани термини ќе бидат примени во Амбасадата, со исклучок на деца на возраст под 18 години, кои можат да бидат во придружба на родител или старател и за придружник на лице со посебни потреби.

Ве молиме имајте во предвид дека следните предмети се забранети во Амбасадата на САД:

  • Храна и пијалоци
  • оружје или алатки
  • Ранци, багаж, или големи чанти
  • Електронска опрема за снимање или од било кој вид, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: лап-топ компјутери, мобилни телефони, PDA уредите, CD, MP3 плеери, пејџери; и преголеми колички;
  • Tурпии за нокти