Регистрација во курирска служба на DHL и интервју

  1. Како се аплицира
  2. Регистрација во курирска служба на DHL и интервју
  3. Статус на предметот
  4. По интервјуто

Информациите подолу опишуваат како да се аплицира за вереничка виза K-1 за САД.

Како да закажете интервју

  1. Посетете ја веб страната https://ais.usvisa-info.com/en-mk/iv
  2. Изберете “Регистрирај се”, а потоа одберете “Добив писмо од конзуларниот оддел со инструкции за регистрација и закажување на интервју за К1 виза”
  3. Креирајте своја сметка
  4. Платете ја административната такса од 265 американски долари по лице
  5. Закажете го датумот за интервју за вашата виза во календарот
  6. Отпечатете го писмото за интервју и донесете го во амбасадата на денот на интервјуто

* Доколку за време на Вашата регистрација добиете порака: “Дадениот број на предмет за имигрантска виза не е подготвен да закаже состанок”, дозволете уште неколку дена сé додека Вашиот број не се вчита на веб страната. Ова обично се случува затоа што сте добиле писмо за закажано интервју пред да се испрати Вашиот електронски предмет во Конзуларниот оддел. Мора да се обидете повторно да се регистрирате во наредните денови, но ВАЖНО е да бидете регистрирани пред закажаниот датум на интервју.

Посетете ја интернет страната на usvisas.state.gov за повеќе информации за процесот на вашето интервју.

Што да се донесе на интервју

  • Извод на родени
  • Доказ за прекинување на претходните бракови
  • Судско уверение од казнена евиденција
  • Судско уверение од кривична евиденција
  • Полициско уверение од секоја друга држава во која сте живееле повеќе од една година од Вашата 16 годишна возраст
  • Судска документација ако претходно сте биле осудени за кривично дело
  • Формуларот 1040 од последната даночна година од вашата/вашиот свршеница/свршеник
  • Испечатена потврдна страница со баркод од пополнетиот формулар DS-160
  • Дополнителни докази за Вашата врска
  • Медицински преглед: Секој апликант за виза, без оглед на возраста, е должен да направи медицински преглед од страна на овластениот лекар од Амбасадата на САД. Мора да закажете преглед со лекарот во рок од десет дена пред вашето интервју за виза. Погледнете ги инструкциите како да закажете медицински преглед.