Преглед
Двете категории на визи врз основа на членови на семејството, првата на потесните членови на семејството и втората на приоритетните членови на семејство, се предвидени во согласност со одредбите на Законот за Имиграција на САД, особено преку Законот за Имиграција и Државијанство (ИНА). Може да ја разгледате Листата на Категории на Визи и да дознаете повеќе за овие две категории на имигрантски визи, како и други видови на имигрантски визи во САД, вклучувајќи ја и нашата програма за лотаријата .
За да аплицирате за виза за ќлен од потесното семејство или за приоритетен член на семејството, следете ги следниве чекори на Процесирање на имигрантска виза на интернет страната usvisas.state.gov. Откако ќе ги завршите овие чекори, разгледајте ги инструкциите што ви се дадени од страна на Националниот Центар за Визи(NVC), заедно со информациите презентирани на оваа интернет страна, за понатамошни инструкции и упатства.