Имиграција поради вработување

Преглед

Секоја фискална година (1 октомври-30 септември), околу 140.000 визи врз основа на вработување се достапни за квалификувани кандидати според одредбите на Законот за имиграција на САД.  Имигрантскаските визи врз основа на вработување се поделени во пет приоритетни категории. Само одредени сопружници и деца ќе можат да им се придружат или покасно да се приклучат на имигрантите врз основа на вработување. Можете да дознаете повеќе за овие пет категории на визи врз основа на вработување на usvisas.state.gov.

За да аплицирате за имигрантска виза врз основа на вработување, следете ги следниве чекори на Процесирање на имигрантска виза на usvisas.state.gov. Откако ќе ги завршите овие чекори, за понатамошни информации и упатства разгледајте ги инструкциите што ви се дадени од страна на Националниот Визен Центар (NVC), заедно со информациите презентирани на овој сајт.