Имигрантски визи

Имигрантските визи за САД за граѓаните и жителите на Македонија и Косово се обработуваат во Амбасадата на САД во Скопје.

За да аплицирате за имигрантска виза, странските државјани кои бараат да имигрираат  треба да бидат спонзорирани од страна на државјанин на САД или од носител на зелена карта од потесното семејство или од потенцијален американски работодавач и да има одобрена петиција пред да аплицираат. Спонзорот го започнува процесот на поднесување на петицијата во име на странски државјанин во САД во Службата за Државјанство и Имиграција (USCIS).  Ако сакате да се запознаете со различните видови на имигрантски визи во САД, вклучувајќи ја тука и програмата за Виза Лотаријата, посетет ја интернет страната usvisas.state.gov.  Потоа, следете ги чекорите во процесирањето на имигрантската виза или на Виза Лотаријата на usvisas.state.gov  за да започнете со аплицирањ.

Откако Службата за Државјанство и Имиграција (USCIS) ќе ја одобри вашата петиција и ќе ја завршите предобработката во Националниот Центар за Визи (NVC) или ако сте биле извлечени преку лотаријата и сте завршиле со процесриањето со Конзуларниот Центар во Кентаки (KCC), прегледјте ги инструкциите дадени  од страна на NVC или KCC, заедно со информациите презентирани на оваа интернет страна, за понатамошни инструкции и упатства.

Имигрантски визи