Ажурирано Октомври 2022
Почнувајќи од 12 јуни 2022 година, ЦДЦ нема да бара од патниците да прикажат негативен КОВИД-19 тест или документација за прележан КОВИД -19 пред да се качат на лет за САД. Во исто време, наредбата на ЦДЦ со која се бара доказ за вакцинација за неимигрантите кои не се државјани на САД сè уште е на сила. За повеќе информации, погледнете тука.
Проверете ја интернет страницата на ЦДЦ за дополнителни информации и Често поставувани прашања.
Амбасадата на САД во Скопје го продолжи процесирањето на сите категории на неимигрантски визи и имигрантски визи, вклучувајќи ги и К1 вереничките визи и визите преку лотарија. Во моментов нудиме термини за сите категории на неимигрантски визи за граѓани кои имаат престој или се државјани на Северна Македонија. Термини за сите видови визи ќе бидат достапни по принципот прв дојден, прв услужен, додека има достапни термини.
Aко имате симптоми слични на грип или верувате дека сте биле изложени на новиот коронавирус, препорачуваме да го одложите терминот за најмалку 14 дена.
Целтта на вашето патување и други факти ќе одредат каков вид на виза е потребен според американскиот закон за имиграција. Како апликант за виза, вие треба да докажете дека ги исполнувате сите услови за да добиете виза од категоријата за која аплицирате.
Користете го нашиот Адресар на виза категории на usvisas.state.gov за да одредите која категорија на виза е соодветна за вашето патување во Соединетите Држави.
Неимигрантски визи
“Неимигрантска виза е виза издадена на лица со постојано живеалиште надвор од САД, кои сакаат да престојуваат во САД на определено време (на пр. За туризам, медицински третман, бизнис, привремена работа, или студии).
Имигрантски визи
За странски граѓани кои сакаат постојано да живеат во Соединетите Држави
Што е визата?
Граѓанин на друга земја, кој бара влез во Соединетите Држави, генерално, прво треба да добие виза за САД, која се става во пасошот на патникот, патна исправа која се издава од земјата од која патникот има државјанство.
Одредени меѓународни патници може да се квалификуваат да патуваат во Соединетите Држави без виза, доколку ги исполнуваат условите за безвизно патување. Делот за Визи на оваа веб страница има детални податоци за американските визи за странски граѓани за патување во Соединетите Држави.
(Забелешка: На државјаните на САД не им треба виза за да патуваат во САД, но кога патуваат надвор од земјата, можно е да имаат потреба од виза која се издава од амбасадата на земјата која сакаат да ја посетат.)
Контактирајте не
За да стапите во контакт со претставник од одделот за услуги на клиентот, ве молиме посетете ја ГСС Контактирајте не (https://ais.usvisa-info.com/mk-mk/niv/information/contact_us) страната за подетални информации или контактирајте не на:
Телефон:
Од Северна Македонија: +389 2 551 7475
Од САД: +1 703 520 2257
Skype: USVISAMACEDONIA
За повише информации во врска со процесот за неимигрантски визи ве молиме посетете ја: https://ais.usvisa-info.com/en-mk/niv/information/niv
Изјава за услуги за клиенти
Стејт Департментот го менаџира процесот на визите строго, но праведно, со цел најдобро да се заштитат Соединетите Држави. Посветени сме на потребата за отвореност, по што Соединетите Држави секогаш биле познати. Патувањето во Соединетите Држави е добредојдено.
Ви ветуваме на вас, апликантите за виза, дека:
Ќе ве треираме со достоинство и почит, дури и кога не сме во можноста да ви издадеме виза.
Ќе ве третираме како поединец, а вашиот случај како уникатен.
Ќе запамтиме дека за вас, интервјуто за виза може да биде ново или стресно искуство и може да имате трема.
Ќе го користиме ограниченото време за интервју за да добиеме што појасна слика што е можно за плановите и намерите на вашето патување.
Ќе ги користиме изворите што ни се на разполагање за праведно да им помогнеме на сите апликанти да добијат термини кои ќе им дозволат навремено да патуваат за нивните бизнис ангажмани, студии и други важни обврски.
На секоја веб страница на Амбасадата и Конзулатот ќе објавиме детални и точни информации за условите за виза и за процедурите за аплицирање.
Ќе обезбедиме информации за времето на чекање за термин за неимигрантска виза на секоја Амбасада и Конзулат, објавени на http://travel.state.gov.
Ќе ви ја објасниме причината за одбивање на вашето барање за виза.
Освен тоа, доколку сте:
Студент, ќе направиме напори да се осигураме дека ќe добиете термин а, доколку се квалификувате, и виза на време за почетокот на часовите.
Патник со итни медицински и хуманитарни потреби, ќе ја забрзаме обработката на апликацијата за тие што се соочуваат со итни случаи, опасни по живот.
Патник за бизнис, ќе воспоставиме соодветни механизми за да им помогнеме на тие што патуваат за бизнис, како и да ги забрзаме случаите од особено значење за американскиот бизнис.
Истовремено, очекуваме апликантите за виза, да:
Го планираaт нивното патување што е можно порано.
Да ја пополнат нивната апликација целосно и точно.
Да бидат искрени за нивните планови и целтта на нивното патување.
Да се подготват за нивното интервју со тоа што ќе можат јасно и прецизно да ги опишат нивните намери.