Изјава за медиуми
Хедер Науерт
Портпарол на Стејт Департментот
Вашингтон, 18 мај 2017
Соединетите Држави ја поздравуваат одлуката на претседателот на Македонија Ѓорге Иванов да го даде мандатот на г-дин. Зоран Заев за формирање на влада. Оваа одлука претставува важен чекор напред за демократијата во Македонија и граѓаните на Македонија.
Со задоволство очекуваме да работиме со новата влада во справувањето со огромниот број на предизвици со кои се соочува Македонија, вклучувајќи ја и потребата за демократски реформи и целосно спроведување на Договорот од Пржино. Соединетите Држави остануваат пријател и партнер на Македонија, и посветени сме да ја поддржиме европската и евро-атлантската иднина на земјата.