Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со EducationUSA Mакедонија, ќе бидат домаќини на турнејата на EducationUSA низ Југоисточна Европа, што ќе се оддржи на 4 април 2017, во Меѓународното училиште НОВА во Скопје, од 17:00 до 20:00 часот.
Претставници од десет универзитети во САД ќе бидат на располагање да одговараат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции. Влезот на овој настан е бесплатен и отворен за јавноста и ги покануваме студентите и нивните родители да присусутвуваат.
Советниците на EducationUSA ќе даваат информации за процесот на аплицирање на универзитетите во САД, како и за услугите што студентите можат да ги добијат во центрите на EducationUSA во Македонија. Освен тоа, советникот за образование од Амбасадата на САД ќе биде таму да одговара на прашања за можностите за добивање стипендии од Владата на САД и за програмите на образовна размена.
Амбасадорот Бејли ќе присуствува на настанот и ќе даде кратка изјава за медиумите.
Ги покануваме медиумите да го проследат овој единствен настан. За повеќе информации, ве молиме пратете имејл на usembskopjepress@state.gov