Амбасадата на САД во Македонија, во соработка со EducationUSA Македонија, ќе биде домаќин на турнејата на EducationUSA во Југоисточна Европа. Настанот ќе се оддржи во хотел Мериот, во Скопје, на 19 април, од 17:00 до 19:00 часот.
Десет преставници од универзитети од САД ќе бидат на располагање да одговорат на прашања во врска со високото образование во Соединетите Држави и нивните институции. Влезот на настанот е бесплатен, и ги покануваме студентите и нивните родители да учествуваат.
Советниците на EducationUSA ќе бидат тука да објаснат како се апрлицира на универзитет во САД, и ќе ги информираат студентите за услугите што EducationUSA ги обезбедува во центрите во Македонија. Освен тоа, помошникот за образование во Амбасадата на САД ќе одговара на прашања во врска со можностите за школарини и програми за размена на студенти, спонзорирани од Владата на САД.
Амбасадорот Бејли ќе присуствува и ќе даде кратка изјава за медиумите.
Се покануваат претставниците на медиумите да го покријат овој единствен настан. За подетални информации, ве молиме контактирајте не на usembskopjepress@state.gov.