10 септември 2015
На 11 септември 2015, Амбасадата на САД ќе го одбележи Националниот ден на
служба и сеќавање преку организирање на крводарителна акција и акција за собирање
на прехрамбени продукти и други средства во соработка со Црвениот крст на град
Скопје и со Институтот за трансфузиологија.
Заинтересираните лица кои сакаат да даруваат крв, ќе можат да го сторат тоа во
Амбасадата на САД од 9:00 – 16:00 часот. Амбасадорот Џес Бејли ќе им се обрати на
присутните во 14:00 часот, заедно со генералниот секретар на Црвениот крст Саит
Саити и директорот на Институтот за трансфузиологија Емилија Велкова.
Целта на овој настан е да се обединат луѓето со една заедничка цел – да и служат на
заедницата. Нашите напори ќе помогнат за дополнување на резервите на крв на
Црвениот крст и за обезбедување на храна и други потребни залихи за загрозените
семејства за претстојната зима. Оваа акција, исто така, ќе му помогне на Црвениот крст
да ја прошири мрежата на дарители во Македонија за да во секое време има доволно
резерви на крв за идните побарувања.
За медиумите: новинарите кои сакаат да го покријат настанот треба да се пријават во
Канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД (e-mail: cilimann@state.gov;
ahmetil@state.gov; vrenezizj@state.gov или по телефон на 310 2000 локал 2144, 2023 или 2402) најдоцна
до 16:30 часот на 10 септември. Оние кои сакаат да присуствуваат, треба да дојдат на страничниот
влез на Амбасадата не подоцна од 13:30 часот на 11 септември, петок.