Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија ќе ја посети Република Македонија на 30 април и 1 мај 2017. Заменикот помошник државен секретар Ји ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Талат Џафери, лидерите на политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети, Билал Касами, Весел Мемеди, и Мендух Тачи, како и со претставници на граѓанското општество и дипломатската заедница. На состаноците ќе се разговара за статусот на формирање на влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.
Заменикот државен секретар Ји ќе даде изјава за медиумите на 1 мај (понеделник) попладне. За детали ве молиме контактирајте го Секторот за односи со јавност преку телефон на 070 343 304 или 070 233 145, или преку електронска пошта на на ahmetil@state.gov или vrenezizj@state.gov.