Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денес за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција. Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија.