Помош од САД за реновирање на училишта

На 20 мај, шефот на Канцеларијата за соработка во одбраната мајорот Џеф Ван Стикл, градоначалникот на Дебар, и директорот на основното училиште “Ристе Ристески” присуствуваа на свеченото сечење лента по повод завршување на реновирањето финансирано од САД. Европската команда на Армијата на САД, преку Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Скопје, во партнерство со УСАИД, како дел од нивниот Проект за интеретничка интеграција во образованието, обезбеди 21.000 долари за нов систем за греење. Ова е седмо, од вкупно осум училишта чие реновирање треба да заврши оваа пролет.