Честитка за новата Влада во Македонија

Лого-Стејт Департмент на САД

Изјава за медиумите
Хедер Науерт
Портпарол на Стејт Департментот
Вашингтон
31 мај  2017

Соединетите Држави им честитаат на премиерот Зоран Заев и на парламентарното мнозинство за формирањето на новата влада во Македонија.

Како пријател и партнер на Македонија, Соединетите Држави очекуваат да соработуваат со новата влада во нејзините напори за исполнување на евро-атлантските аспирации на земјата, преку спроведување на итните реформи со кои ќе се зајакне владеењето на правото и судската независност, слободата на медиумите и отчетноста на владата.
https://www.state.gov/r/pa/prs/ps/2017/05/271484.htm