Свечено испраќање на припадници на АРМ на вежбата “Saber Guardian”2017

Send-off ceremony for the Macedonian Army participants to Saber Guardian 2017 exercise

Обраќање на амбасадорот на САД Џес Бејли на свеченото испраќање на припадници на АРМ на вежбата “Saber Guardian”
6 јули 2017
Касарна Илинден

Ви благодарам министер Шекеринска. Задоволство ми е што денес сум овде во чест на долгогодишното партнерство во одбрана помеѓу Соединетите Држави и Република Македонија.

Денес  испраќаме 54 војници од Воената полиција и од Специјалните сили на Армијата на Република Македонија, да учествуваат во “Saber Guardian”, вежба спонзорирана од Армијата на САД, во која ќе земат учество повеќе од 25.000 војници од 22 земји сојузници и партнери во НАТО. Уште 16 инженери и медицински персонал ќе им се приклучат подоцна.

Честопати зборуваме за вредноста на нашите воени партнерства, за важноста на НАТО. Вежбата “Saber Guardian” претставува партнерство во акција.  Тоа е она што ја гради нашата колективна безбедност.

Преку вежби како што е “Saber Guardian”, Соединетите Држави ги зајакнуваат врските со сојузниците и партнерите во НАТО и ја потврдуваат трајната заложба за колективната одбрана и просперитетот во Европа.  Заедничките вежби ја подобруваат способноста на земјите за соработка, комуникација и интеграција во воени платформи. Уште поважно, тие градат лични врски помеѓу војниците и ја зајакнуваат нашата посветеност едни кон други.

Само во  2016-2017, близу 600 војници од Македонија ќе учествуваат во преку 20 мултинационални вежби, спонзорирани од САД, во цела Европа и овде, во Македонија.

Оваа година, ни е особена чест што по “Saber Guardian”, САД и  Македонија ке одржат заедничка тренинг вежба во Македонија, наречена “Dragoon Guardian.” Скоро 300 војници и 100 возила од Вториот коњички инженериски  полк на Армијата на САД во Европа, заедно со 8 претставници од Инженериската единица на АРМ, ќе патуваат од Романија во Македонија на двонеделна заендичка обука на американски и македонски војници.

Однапред благодариме на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија, што ќе бидат домаќини на американските сили на Криволак и што помагаат да се организира оваа обука, чиј процес на планирање трае веќе една година.

Исто така, сакам да се заблагодарам на Владата, на Министерството и на Армијата за нивната постојана заложба за учество во меѓународни мисии, особено во Авганистан. Нашите војници таму служат рамо до рамо веќе 15 години. Во моментов, 39 македонски војници служат во мисијата на НАТО “Одлучна поддршка,” како дел од мисијата за обука за Авганистанските безбедносни сили.

Армијата на Република Македонија има одлична репутација, и ние сме горди на блиската соработка помеѓу нашите војски, вклучувајќи го цврстото партнерството со Националната гарда на Вермонт. Ние ќе продолжиме со пронаоѓање на можности за заеднички обуки овде, во Европа, како и во Соединетите Држави, зацврстувајќи ја нашата соработка и поддржувајќи ја Македонија на патот кон членството во НАТО.

На оние од вас, кои заминувате на вежбата “Saber Guardian,” ви посакувам се најдобро на оваа возбудлива и динамична вежба, полна со предизвици. Го очекувам вашето враќање, заедно со американсите војници на крајот од месецот, за вежбата “Dragoon Guardian.”

Ви благодарам.