Приватност

Изјава за приватност

Ние не ги собираме вашите лични податоци кога ќе јa посетите нашата веб-страна, освен ако вие самите не ни ги доставите тие податоци за нас. Доставувањето на вашите лични податоци преку нашата веб страна е доброволно, но доколку го направите тоа, вие ни давате дозвола да ги користиме тие податоци за искажаната цел. Доколку не доставите одредени податоци, ние може да не бидеме во можност да ја обезбедиме услугата што ја барате од нас. Доколку избирате да ни доставите ваши лични податоци преку нашата официјална веб страна, што може да се направи на различни начини како што е со пополнување на формулар на нашата веб страна или преку испраќање на електронска пошта, истите податоци ќе ги користиме за да ги обезбедиме информациите или услугите што сте ги побарале од нас, или пак за да одговориме на вашата порака. Какви информации ќе добиеме од вас зависи од тоа што вие правите кога ја посетувате нашата веб-страна.

Ние автоматски го регистрираме и чуваме името на доменот од кој сте пристапиле на интернет (.com, .edu, итн.); датумот и времето кога сте ја посетиле нашата страна, како и интернет адресата на вебстраницата (како што е пребарувачот или референтната страна) од која сте пристапиле на нашиот сајт. Овие информации ги користиме за да имаме податоци за вкупниот број посетители на различни страници на нашиот сајт, и како алатка која ќе ни помогне да го подобриме нашиот сајт за посетителите.

Ако пратите електронска пошта

Вие може да изберате да ни обезбедите вашите лични податоци преку електронска пошта со ваш коментар или прашање. Тие информации ги користиме за подобрување на нашата услуга за вас, или за да одговориме на вашето барање. Понекогаш, вашите пораки ги препраќаме до други агенции на владата на САД кои можат подобро да ви помогнат. Освен за овластени истраги на органите за спроведување на законот, елетронската пошта испратена до нас не ја споделуваме со други надворешни организации.

Веб страни и апликации од трет степен

Постојано се поврзуваме со социјални мрежи и друг вид на веб страни од трет степен. Веб страните на социјалните мрежи ги користиме за да бидеме во контакт со странската јавност и да се вклучиме во јавната дипломатија низ целиот свет. Веб страните на социјалните мрежи се користат за да се објават настани организирани од страна на Амбасадата, како и да воспоставиме контакт со јавноста. Исто така, користиме мерач на веб страната и технологија за прилагодување со цел мерење на бројот на посетители на нашата веб страна и различните страници што тие ги посетуваат. Истите податоци ни помагаат да ја направиме нашата веб страна покорисна за нашите посетители. Понекогаш, апликацијата од трет степен може да побара адреса од електронска пошта, корсничко име, лозинка и географска локација со цел да се изврши регистрација на корисникот. Ние не користиме веб страни од трет степен за да делиме и да собираме лични податоци од поединци. Ние не ги собираме и не ги чуваме личните податоци регистрирани од некоја веб-страна од трет степен, и личните податоци нема да бидат откриени, продадени или пренесени до други лица надвор од Стејт Департментот, освен ако тоа не се бара со закон или со цел да се спроведе законот.

Ние може да користиме различни видови на онлајн прашалници за да собереме мислења и повратни информации од случајни корисници. Воглавно, Стејт Департаментот редовно ја корисни онлајн анкетата ForeSee Results American Customer Satisfaction Index (ACSI) за да добие повратни информации и податоци за тоа колку посетителите се задоволни со нашите веб страни. Оваа анкета не собира лични податоци. Иако поканата за пополнување на анкетата се појавува случајно, таа не е задолжителна и не е дел од веб страните на сите амбасади. Ако ја одбиете анкетата, вие сепак ќе имате пристап до истите информации и ресурси на нашата веб страна како и лицата што одговариле на анкетата. Извештаите од анкетите се достапни само за менаџерите на веб страните и за други авторизирани вработени на кои им се потребни овие информации за да можат да ги вршат своите работни задачи. Понекогаш користиме и други краткорочни анкети за специфични цели, кои се објаснети при објавувањето на анкетите.

Информации што се собираат за следење и прилагодување (Cookies – колаче)

Колачето е фајл со краток текст што веб страната го префрла до вашиот компјутер за да запамти одредени информации од вашата сесија додека сте поврзани со таа веб страна. Вашиот компјутер ќе ги сподели информациите само со веб страната што обезбедува колаче и други веб страни не може да ги побараат и добијат тие информации. Постојат два вида на колачиња:

  •  За сесија: ова колаче за сесија трае само додека е отворена вашата програма за сурфање на интернет. Откако ќе ја затворите програмата, тој фајл се брише. Веб страните може да користат колаче за сесија за технички цели кои ќе обезбедат подобра навигација преку страната или пак за да ви овозможат прилагодување според вашите желби при интеракција со веб страната.
  • Упорни: упорните колачиња се чуваат на хард драјвот на корисникот со цел да се одреди кои корисници се нови, а кои се повторни посетители и за да ги блокира поканите за ForeSee анкета за тие посетители што повторно го посетуваат сајтот.

Доколку не сакате колачињата за сесија или упорните колачиња да се чуваат во вашата машина (компјутер), може да ја искористите опцијата на вашата програма за сурфање са да ги исклучите истите. Вие и понатаму ќе имате пристап до сите информации и ресурси на нашата веб страна. Меѓутоа, исклучувањето на колачињата може да влијае врз функционирањето на некои веб страни. Треба да запамтите дека исклучувањето на колачињата во вашата програма ќе влијае врз користењето на колачињата на сите други веб страници.

Линкови до надворешни интернет страни

Нашата интернет страна има повеќе линкови до другите американски агенции, амбасади, мултилатерални организации и приватни организации во Соединетите Држави и во други земји. Кога, следејќи линк преоѓате на некој друг сајт, повеќе не сте на нашата веб страница и се подложувате на правилата за приватност на новиот сајт.

Ние правиме напор да обезбедиме точни и целосни информации. Меѓутоа, не гарантираме дека нема да има грешки. Што се однесува до документите и информациите на оваа интернет страна, ниту амбасадата, ниту нејзините вработени или изведувачи не даваат гаранции, директно или индиректно, вклучувајќи и гаранции за исправноста и соодветноста на документите објавени на нашата страна за нивна понатамошна употреба за некоја одредена намена. Освен тоа, амбасадата не превзема никаква правна одговорност за точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, продукт или процес објавен тука и не алудира дека употребата на таквите информации, продукти или процеси не ги крши правата на приватна сопственост.

Поради безбедносни причини и со цел да се осигура дека оваа услуга ќе остане достапна за сите корсиници, Стејт Департментот користи софтвер програми за да ја следи мрежата за да ги идентификува неавторизираните обиди да се подигаат или сменат информациите на сајтот, или да се предизвика штета на некој друг начин. Строго се забранува неавторизиран обид да се подигнат или сменат информациите на овој сервис и истите се подлежат на казна според Актот за компјутерска измама и злоупотреба од 1986 година. Информациите исто така може да се користат за авторизирани истраги за спроведување на законот. Освен за горенаведената намена, не се прават други дополнителни напори за идентификување на поединечните корисници или нивните навики на користење на страната. Строго се забранува неавторизиран обид за подигнување и/или промена на информациите на овие интернет страни, и истите се предмет на кривично гонење според Законот за компјутерска измама и злоупотреба од 1986 и Назив 18 У.С.Ц. Дел 1001 и 1030.