Операција на Македонија против осомничени помагачи на ИСИЛ и повратници од странски боишта

Изјава за медиумите, 6 август 2015
Амбасадата на САД ја поздравува акцијата на Министерството за внатрешни работи, што беше изведена ова утро против лица за кои постојат сомневања дека се терористи и дека помагаат тероризам. Информирани сме дека оваа операција беше резултат на една долготрајна и внимателна истрага од страна на полицијата, разузнавачките служби и Канцеларијата на јавниот обвинител, и тоа во согласност со новите македонски закони против тероризам. Ја поддржуваме Владата што користи кривично-правни постапки за да се запре приливот на терористички борци во конфликтните региони, за да се сосече напливот на насилство, и за агресивно да се спротивстави на насилниот екстремизам.

Денешната акција претставува придонес кон регионалните и глобалните напори да се стави крај на злото на тероризмот. Како што секретарот Кери изјави: “Секоја држава може да одигра улога” во напорите да се запре и порази ИСИЛ. Соединетите Држави се посветени да им помогнат на Македонија и на другите држави во регионот и во светот во нивните напори да се борат против ИСИЛ. Како што претседателот Обама кажа во Обединетите Нации минатиот септември, оние кои се посветени на оваа итна работа, ќе најдат силен и стабилен партнер во Соединетите Американски Држави.