Потпретседател на Соединетите Држави

Vice President Mike PenceМајкл Р. Пенс е роден на 7 јуни 1959 година во Колумбус, Индијана, и е еден од шесте деца на Едвард и Ненси Пенс. Уште како младо момче, тој ја добива шансата да го живее американскиот сон. Откако неговиот дедо имигрира во Соединетите Држави, кога тој има 17 години, неговото семејство се доселува во Средниот Запад на Америка. Идниот заменик претседател има можност да гледа како мајка му и татко му го градат она што е битно во животот – семејство, бизнис и добра репутација. Почитувајќи ги своите родители, кои отвораат успешна самопослуга во нивното мало градче во Индијана, тој созрева воспитан да верува во важноста на напорната работа, верата и семејството.

Во 1981 година, заменикот претседател Пенс почнува да студира на Колеџот Хановер, каде се стекнува со диплома по историја. Како студент ја обновува својата христијанска вера, која останува движечка сила во неговиот живот. Подоцна продолжува со студии на Правниот факултет на Универзитетот Индијана, каде ја сретнува љубовта на својот живот, втората дама, Карен Пенс.

По дипломирањето, заменикот претседател Пенс се занимава со право, ја предводи Фондацијата Индијана полиси ривју, а почнува да води радио емисија, Мајк Пенс шоу, и неделна ТВ програма за односи со јавност во Индијана. Во меѓувреме, станува горд татко на три деца, Мајкл, Шарлот и Одри.
Растејќи во Индијана, опкружен со добри и вредни жители, заменикот претседател Пенс секогаш знаел дека треба да врати на државата и на земјата кои му пружаат толку многу. Во 2000 година, тој почнува успешна локална кандидатура за Конгресот и влегува во Претставничкиот дом на САД на 40-годишна возраст.

Жителите на источно-централна Индијана шест пати го бираат да ги претставува во Конгресот. На Капитол Хил се етаблира како шампион за теми поврзани со ограничена власт, фискална одговорност, економски развој, образовни можности и Уставот на САД. За кратко време неговите колеги ги препознаваат неговите лидерски способности и едногласно го избираат за претседател на Комисијата за републикански студии на Претставничкиот дом и претседател на Републиканската конференција на Претставничкиот дом. Во оваа улога, заменикот претседател помага да се намали обемот на владата, таа да стане поефикасна, да се намалат трошоците и да се вратат овластувањата на државната и локалната власт.

Во 2013 година, заменикот претседател Пенс ја напушта престолнината откако жителите на Индијана го бираат за 50-ти гувернер на Индијана. Филозофијата на ограничена власт и пониски даноци ја внесува во водењето на државата Индијана. Како гувернер, го усвојува најголемото намалување на данокот на приход во историјата на Индијана, намалувајќи ги стапките на даноците за лични приходи, на данокот за личен деловен имот, и на данокот за корпоративни приходи со цел да ја зајакне конкурентноста на државата и да привлече нови инвестиции и добро платени работни места. Поради постојаниот фокус на вработувања, процентот на невработеност во државата двојно се намалува за време на неговиот четиригодишен мандат, а на крајот на неговиот мандат, Индијана има повеќе вработени жители од било кога порано во 200-годишната историја на државата.

Како гувернер на Индијана, заменикот претседател Пенс ја зголемува финансиската помош за училиштата, го проширува изборот на училишта и прв пат во историјата на Индијана, го создава првиот предучилишен план, финансиран од државата. Техничкото образование и часовите за кариера стануваат приоритет во секое средно училиште. Под водство на заменикот претседател Пенс, Индијана, позната и како “Крстопатот на Америка,” инвестира повеќе од 800 милиони американски долари во патишта и мостови ширум државата. И покрај рекордното намалување на даноците и новите инвестиции во патишта и училишта, државата останува да биде фискално одговорна, затоа што заменикот претседател работи со членовите на Генералното собрание на Индијана на усвојување на два искрено балансирани буџети што обезбедуваат силни државни резерви и висок кредитен рејтинг, на што целата нација завидува.

Успешната приказна на Индијана, искуството на заменикот претседател Пенс со законодавната и извршната власт, како и неговите силни семејни вредности се причините зошто претседателот Доналд Трамп го одбира Мајк Пенс како свој партнер во трката во јули 2016. Американскиот народ ги избира претседателот Доналд Трамп и заменикот претседател Пенс на 8 ноември 2016. Претседателот Доналд Трамп и заменикот претседател Пенс влегуваат во Белата Куќа на 20 јануари 2017.

Заменикот претседател Мајк Пенс останува благодарен за Божјата милост, љубовта и поддршката на неговото семејство, и благословот на слободата, што е вродено право на секој Американец. Тој со нетрпение очекува да работи со американскиот народ и заедно да се обидат да ја направат Америка повторно голема.

Извор на биографијата: whitehouse.gov