Претседател на Соединетите Држави

President Donald J. TrumpДоналд Џ. Трамп е дефиниција за американската успешна приказна. Низ целиот свој живот, тој постојано ги поставува стандардите за бизнис и претприемничка извонредност, особено со интересот што го има за недвижности, спорт и забава. Слично на тоа, и неговото влегување во политика и јавна служба, неверојатно, резултираше со победа на претседателските избори, и тоа откако за прв пат се кандидираше за оваа функција.

Откако дипломираше на Факултетот за финансии Вартон, г-динот Трамп, следејќи ги стапките на својот татко во бизнисот со недвижности, влезе во светот на недвижности во Њујорк. Името на Трамп, наскоро стана синоним за најпрестижните адреси на Менхетен, а потоа и ширум светот. Како докажан автор, Трамп има напишано над 14 бестселери, а неговата прва книга “Уметноста на договорот,” освен што беше прогласена за книга на годината, се смета и како класика во бизнис литературата.

Г-динот Трамп ја најави својата кандидатура на 16 јуни 2015 година, а откако седумаесет републикански кандидати се откажаа од трката, во јули 2016 година, тој ја прифати републиканската номинација за претседател на Соединетите Држави. Г-динот Трамп победи на изборите на 8 ноември 2016, со најдобар резултат за Републиканците во изборниот колеџ во последниве 28 години. Тој победи во повеќе од 2.600 окрузи на национално ниво, најмногу уште од времето на претседателот Реган во 1984 година. Освен тоа, тој освои над 62 милиони гласа во народното гласање, највисока бројка освоена од еден републикански кандидат некогаш. Тој исто така освои 306 изборни гласа, најголем број за Републиканците од изборот на Џорџ В. Буш во 1988 година. Милиони Американци застанаа зад неговата порака за обнова на земјата и за прекинување на статус-квото – ова беше навистина национална победа и историско движење.

Доналд Џ. Трамп ја водеше кампањата на места каде знаеше дека Републиканците имаат потешкотии да победат – во Флинт, Мичиген, во училишта во центарот на Кливленд, и во Хиспано црквите во Флорида – бидејќи сакаше до сите Американци да ја пренесе пораката за енокомско јакнење. Милиони нови Републиканци ги дадоа своите гласови на г-динот Трамп, поради неговиот фокус на остварување на просперитет преку подобри трговски договори, а како резултат се постигна здрава разлика во победата во новоосвоените црвени области. Јасно е дека победата на претседателот Трамп ги соедини Американците со различен бекграунд, а тој е спремен да испорача резултати за нацијата уште на првиот ден, но и на секој нареден ден во неговиот мандат.

Претседателот Трамп е во брак со сопругата Меланија дванаесет години. Тие се родители на синот Барон. Г-динот Трамп има уште четири возрасни деца, Дон помладиот, Иванка, Ерик и Тифани, и осум внуки и внуци.

Извор на биографијата: whitehouse.gov