Мисија на Амбасадата

Амбасадата на САД во Скопје работи со цел да ги унапреди билатералните односи со владата и народот на Република Северна Македонија, вклучувајќи надворешни работи, бизнис, граѓанско општество, образование и други области за промоција на прашања од заеднички интерес.

Со 70 Американци и речиси 240 локално ангажирани вработени, а под раководство на Амбасадорот, мисијата:

  • Ја објаснува и поддржува позицијата на владата на САД за повеќе билатерални, регионални и глобални политички, економски, социјални прашања, како и прашања од областа на животната средина;
  • Ги поддржува напорите на Северна Македонија да развие здрава економија, која создава нови работни места,  со континуиран раст на бруто националниот приход;
  • Ги засилува судските капацитети и оние за спроведување на законите во Северна Македонија, особено за борба против корупцијата, трговија со луѓе и  организиран криминал;
  • Поддржува демократски институции и целосна имплементација на Охридскиот рамковен договор од 2001 година, на писмено и суштински;
  • Ги засилува блиските врски со Северна Македонија како модел  сојузник во регионот и како непроцелнив придонесувач во глобалната војна против теророт; и
  • Го промовира разбирањето на општеството и вредностите во САД за да осигура дека идните генерации делат заеднички интереси и цели.

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат аспирациите на Северна Македонија за членство во НАТО и ЕУ и активно ја охрабруваат владата да ги имплементира реформите потребни да се задоволат Евро-Атланските институционални стандарди. Со конечното целосно имплементирање на Охридскиот рамковен договор; очигледен напредок во судските реформи и во борбата против организираниот криминал, корупција и трговија со луѓе; и консолидацијата на демократските принципи и пракса во Парламентот, владините институции и граѓанското општество, веруваме дека ќе се достигне потенцијалот на Северна Македонија да ги привлече странските и домашни инвестиции неопходни за да се забрза економскиот раст, што ќе доведе до побогата иднина, која повеќе ќе придонесува, за сите граѓани на Северна Македонија.