Политика и историја

На 3 декември 1993, Соединетите Држави отворија Канцеларија за врски во Скопје. На 13 септември 1995, претседателот на САД Вилијам Ј. Клинтон објави дека имал коресподенција со претседателот на Република Северна Македонија Киро Глигоров за основање на дипломатски односи и најави дека “добил позитивен одговор и може да потврди дека сега постојат дипломатски односи помеѓу двете земји.” На 29 јули 1996, Кристофер Р. Хил ги предаде акредитивите како прв амбасадор на САД во Република Северна Македонија. …повеќе.