Вршител на должноста амабасадор Mикаела Швајзер-Блум

Вршител на должноста амабасадор Mикаела Швајзер-Блум

Дипломат од кариера во Форејн сервисот на САД, Микаела Швајзер-Блум ја превзема улогата на вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје, Република Северна Македонија на 1 март 2019.

Г-ѓа Швајзер-Блум служеше како заменик амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје од 15 јули 2015. Пред тоа, ја водела единицата за Поддршка при управување со кризи во Оперативниот центар на Стејт Департментот, а претходно, од 1999 до 2000 година, вршела мониторинг за Оперативниот центар.

Надвор од Соединетите Држави, г-ѓа Швајзер-Блум има работено во Амбасадите на САД во Загреб, Каиро, Багдад, Тунис и Катманду, како и во Генералниот конзулат во Ерусалим, каде беше на позиција советник за односи со јавност и портпарол за Конзулатот. Освен службите во Оперативниот центар, таа има работено и во Вашингтон како помошник на помошникот државен секретар за Блискиот Исток.

Г-ѓа Швајзер-Блум има дипломирано Меѓународни односи на Универзитетот Браун и има магистратура од Студиите за национална безбедност на Националниот воен колеџ. Учела македонски, арапски, француски и непалски јазик.

Нејзиниот сопруг, Тод Блум, исто така е дипломат во Форин сервисот. Тие имаат три деца.