Дејвид Стивенсон, Шеф на политичкиот и економскиот оддел при Амбасада на САД во Скопје, Република Македонија
Почитувани колеги, добро утро. Во името на Америка би сакал да ви посакам добредојде -почестен сум што сум со вас. Им честитам на судијата Нанев, судијата Саити и Врховниот суд за иницијативата за одржување на оваа конференција за судска независност, одговорност и етика. Тие ни пристапија и побараа од нас да го поддржиме овој настан, со објаснување дека ова е критично време за судската независност во Македонија. Се одлучивме да ја поддржиме оваа конференција заради нејзиниот потенцијал да биде катализатор за позитивни промени.
Ова е конкретна можност за македонските судии да соработуваат со своите колеги од регионот, Европа и САД и отворено да ги адресираат потребите на судството и да изнајдат солуции за како да се оди напред. Исто така, веруваме дека изложувањето на алтернативни ставови и суштински дијалог со меѓународните колеги ќе биде од витално значење за македонските судии. Со дваесет (20) – годишно искуство како правник и како дипломат, можам да ви кажам дека владеењето на правото е клучно за мирот, просперитетот и безбедноста. Државите кои имаат независни судови успејаа во градењето на нивните демократии и економии. Како што Амбасадорот Каролина Кенеди еднаш кажа: „ владеењето на правото е основата на нашата демократија и тоа значи дека треба да имаме независно судство, и судии кои ќе одлучуваат независно од политичките ветришта“. 2 На единаесети (11) декември, во Македонија ќе се одржат избори.
Америка и европските партнери сметаат дека добри, чисти избори се првиот чекор за надминување на политичката криза која две години ја парализираше оваа држава. Меѓутоа, изборите сами по себе не значат крај на кризата. Потребно е итно да се адресираат реформите, особено оние во врска со владеење на правото, а посебно во справување со кризата во судството. Препораки за промени можат уште сега да се изготват за истите да се спроведат откако ќе се формира нова влада. Ќе биде потребна вистинска храброст, не само од страна на политичките лидери туку и од вас и вашите колеги, за да се осигураат вистински реформи во судството- кои ќе ве ослободат од спиралниот круг кој ве уништува одвнатре и ја издава довербата на граѓаните. И третиот принцип позади кои стојат САД и ЕУ е одговорноста. Предметите од СЈО во врска со неовластеното следење на комуникациите и високата корупција и злоупотреби треба да се разгледаат од страна на непристрасно и фер судство, ослободено од политичко влијание. Овој процес е најважен за да покаже дека Македонија има капацитет да се справи со такви обвинувања.
Понекогаш луѓето ме прашуваат кој ми е шеф. Најлесниот одговор е дека тоа е Амбасадорот. Но, тоа не е мојот одговор туку им кажувам дека јас сум одговорен пред американскиот народ- даночните обврзници кои ја плаќаат мојата плата. На крајот јас морам да им покажам дека 55 (педесет и петте) милиони долари со кои тие и помогнале на Македонија, се гаранција дека сите македонски граѓани се еднакви пред законите и дека тие кои го прекршиле законот ќе се соочат со одговорност по непристрасно и фер судење. Македонија и Америка заедно имаат направено многу храбри чекори во областа на владеење на правото за заштита на основните права. Но, на 3 целата досегашна работа и се заканува неуспех доколку судиите не можат или не инсистираат на нивната независност.
За жал, има многу извештаи, како оној на Прибе кој е дел од агендата, кои треба да алармираат, вклучувајќи ги и манипулациите со системот за распределба на судски предмети финансиран од САД; вонредни и без причина прераспределби на судии; очигледни промени во постапувањето на судовите при рутинско прифаќање на барањата за притвор се додека СЈО не започна со својата работа; одлуки кои се чинат неконзистентни со фактите и постојните закони. Македонија има здрави прописи за изземање на судии кои не се непристрасни или постои перцепција дека не се непристрасни, и тие прописи треба соодветно да се применуваат. Судството исто така подлежи на одговорност.
Судиите треба да најдат систем на внатрешна контрола кој ќе ги санкционира оние кои подлегнуваат на притисок или креираат атмосфера на притисок и чувство дека исходот на предметите со политички интерес однапред се знае. Единствениот притисок на кој судиите треба да подлежат е апсолутната обврска да ги спроведуваат законите на Република Македонија на фер и транспарентен начин. Почитувани судии, ги препознавам предизвиците на судиската функција во овие тешки околности. Но токму поради овие околности е од витално значење да работите со интегритет и почитување на владеењето на правото. Македонија не може да има силна демократија без судство кое е транспарентно и независно од политиката.
Граѓаните заслужуваат судство кое ќе работи со интегритет, ќе одлучува во согласност со фактите и правото, без никакви влијанија. САД се горди да работат со вас при исполнување на овие високи стандарди. Со нетрпение сакам да ги чујам предизвиците и предложените решенија. Исто така, би сакал да чујам од вас како САД можат 4 да ви помогнат во вашите напори за јакнење на независноста и одговорноста на судството. Ви посакувам успех во работата и убав престој во прекрасниот Охрид!