Соопштенија за Медиумите: Армијата на Република Македонија учествува во вежбата АНАКОНДА 16

Денес, на 6 јуни, се оддржа свечено отворање на воената вежба АНАКОНДА 16 во Националниот универзитет за одбрана на Полска во Варшава. Како резултат на директната поддршка од Амбасадата на САД во Скопје, Армијата на Република Македонија (АРМ) учествува во АНАКОНДА 16 со 157 војници од Првата механизирана пешадиска бригада, од Баталјонот на Воената полиција и од Полкот за специјални операции со цел да се зајакне интероперабилноста со Воените сили на САД и НАТО и да се подобри способноста за поддршка на меѓународни операции во мултинационални средини. АНАКОНДА 16 е една од седумте вежби оваа година на кои АРМ ќе учествува со директна поддршка на Амбасадата на САД во Скопје.

Учеството на АРМ е повеќе од четири пати поголемо од она што е вообичаено за вежби спонзорирани од САД и ова е најголемото учество во вежба од овој вид од подготовките за заедничко распоредување на АРМ со Националната гарда на Вермоинт во Авганистан во 2010. АНАКОНДА 16 е Полска национална вежба што е директно поддржана од Армијата на САД – Европа (Германија) и Мултинационалниот корпус на НАТО – Североисток (Полска) и Командата на Земјената компонента (Турција). Со скоро 31.000 војници од Вооружените сили од 24 земји сојузници и партнери на НАТО, АНАКОНДА 16 е главна мултинационална вежба во 2016 и една од најголемите во Европа во последните 25 години.

Обуката, која ќе вклучи мултинационални специјални операции на земја, море и воздух ќе се оддржи на локации низ цела Полска од 7 – 17 јуни. АНАКОНДА 16 е една од повеќето мултинационални воени вежби што се оддржува пред Самитот на НАТО на 8-9 јули во Варшава