Референдумот во Македонија за Договорот од Преспа

Хедер Науерт, портпаролка на Стејт Департментот и државен потсекретар за јавна дипломатија и односи со јавност (© Алекс Брандон/AП)

Изјава за медиумите
Хедер Науерт, портпарол на Стејт Департментот
Вашингтон, 30 септември 2018

Соединетите Држави го поздравуваат резултатот од референдумот во Република Македонија, што се оддржа на 30 септември, на кој граѓаните ја изразија својата поддршка за членството во НАТО и во Европска Унија со прифаќање на Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција. Соединетите Држави силно го поддржуваат целосното спроведување на Договорот, што ќе и овозможи на Македонија да го заземе своето заслужено место во НАТО и во ЕУ и ќе придонесе кон регионалната стабилност, безбедност и просперитет.  Со оглед на тоа што Собранието на Македонија сега започнува со дискусии за уставните измени, ги повикуваме лидерите да се издигнат над партиските политики и да ја искористат оваа историска можност да обезбедат посветла иднина за земјата како полноправен учесник во западните институции.

#