Почитуван г-дин. Претседател:
Во името на американскиот народ, ви честитам на вас и на граѓаните на Македонија по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на вашата земја.
Оваа година, Македонија има многу причини да биде горда. Историскиот Договор од Преспа го решава долгогодишниот спор за името со Грција и го отвора патот кон членство на Македонија во НАТО и во Европската унија. Договорот и членството на Македонија во НАТО ќе ги зајакне безбедноста, стабилноста, и просперитетот во целиот регион. Соединетите Држави се спремни да ја поддржат Македонија, особено во однос на претстојните разговори за вашето членство во НАТО.
На овој посебен ден, на граѓаните на Македонија им посакувам сé најдобро.
Со почит,
Доналд Ј. Трамп