Преглед на Канцеларијата на за отчетност на владата САД на помошта што САД ја дава за развој на демократијата во Македонија

Аналитичари од Канцеларијата за отчетност на владата на САД (ГАО) престојуваат во Македонија за да извршат теренски активности, што произлегуваат од оценувањето што ГАО го врши на помошта што САД ја дава за развој на демократијата во Македонија. ГАО ги спроведува овие активности по барање на претседавачот со Поткомитетот за Африка, глобално здравје, глобални човекови права и меѓународни организации, на Комисијата за надворешни работи, конгресменот Крис Смит, и уште шест негови колеги од Претставничкиот дом на САД.

ГАО планира да го објави својот извештај на крајот од летото или почетокот на есента 2018. Очекуваме извештајот тогаш да биде достапен за јавноста.

За повеќе информации во врска со оценувањето, ве молиме контактирајте го: Чак Јанг, управен директор, Канцеларија за односи со јавност, youngc1@gao.gov, +1 (202) 512-4800 

Канцеларијата за отчетност na владaта – раката на Конгресот за вршење на ревизија, евалуација и истраги – е формирана како поддршка на Конгресот за да ги исполни своите уставни обврски и да помогне да се подобри функционирањето и отчетноста на федералната влада за американските граѓани. ГАО испитува како се користат јавните фондови, ги оценува федералните програми и политики, и обезбедува анализи, препораки и друга помош, за да помогне Конгресот да носи информиран одлуки поврзани со надзор,политики и финансирање. Заложбата на ГАО за добро владеење се рефлектира во суштинските вредности на отчетност, интегритет и сигурност.