Aмбасадата поддржува реновирање на училишта

На 3 април, аташето за одбрана на САД, полковникот Том Батлер, заедно со началникот на Генералштабот на АРМ, градоначалникот на Прилеп, и со директорот на основното училиште “Круме Волнароски,” присуствуваа на свеченост по повод реновирањето на училиштето. Канцеларијата за соработка во одбраната (ОДЦ) при Амбасадата на САД, во партнерство со УСАИД и како дел од нивниот Проект за меѓуетничка интеграција во образованието, обезбеди 25.000 долари за обновување на фасадата, водоинсталацијата, прозорците, вратите и подот во училиштето. Канцеларијата за соработка во одбраната обезбеди 15.000 долари за реновирање на периметарската ограда на училиштето и за изградба на патека и хидрауличен лифт со цел на лицата со хендикеп да им се олесни пристапот до главниот влез на училиштето во Кривогаштани. Овие свечености го одбележија отворањето на второто и третото училиште, од вкупно осум училишта што се дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието, а што ќе бидат отворени оваа пролет.