Одделенија и канцеларии

Целта на нашите активности е да промовираме поголемо разбирање помеѓу Северна Македонија и Соединетите Држави. Секторот за односи со јавност има две главни функции. Дејствува како прес канцеларија на Амбасадата и ги води повеќето културни, информативни и образовни програми за размена, финансирани од Владата на САД. Канцеларијата за медиуми е одговорна за односите меѓу Амбасадата и сите медиуми во Северна Македонија и надвор, и ги координира сите прашања, интервјуа, и други медиумски настани за сите службеници на мисијата.

Секторот за односи со јавност исто така го оддржува Центарот за ресурси и информации (ИРЦ) на Амбасадата, кој обезбедува информациска поддршка за канцелариите и институциите на Владата на Република Северн Македонија, за службениците на Амбасадата, и за македонската поширока јавност. ИРЦ располага со актуелни и сеопфатни информации за Соединетите Држави, во електронска и/или печатена форма.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ
Сектор за односи со јавност
ул. “Самоилова” бр.21
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Тел: (389-2) 310 2000 лок. 2379
Факс: (389-2) 310 2499
Имејл адреса за прашања од медиумите: Канцеларија за медиуми

Конзуларни работи

Работно време: понеделник – петок 8:00 до 16:30 часот
Не работиме на американски и македонски празници

Конзуларниот сектор обезбедува различни услуги за државјаните на САД, како и услуги за виза.

Внимание: Амбасадата на САД не располага со паркинг за апликантите за виза и посетителите на Конзуларниот сектор. Возилата паркирани на приватните паркинг места на бизнисите лоцирани во близина на Амбасадата, може да бидат отстранети од пајак служба.

Услуги за државјаните на САД

Одделението за услуги за државјаните на САД им помага на граѓаните на САД со обнова на пасоши, со издавање на извештаи за раѓање на деца на државјаните на САД родени во Северна Македонија, со регистрација на гласачи, со нотарски услуги, и со служба за државјани на САД во итни случаи.

Работно време
Вторник, Среда и Четврток од 14:00 до 15:30 часот, со претходно закажан термин, освен на американски и македонски празници.

Tел: (02) 310 2000
Факс: (02) 310 2299
Електронска пошта: SkopjeACSMailbox@state.gov

Одделение за федерални бенефиции

Одделението за федерални бенефиции обезбедува помош за лицата кои имаат прашања во врска со бенефициите што се нудат од федералните агенции на Владата на САД, како што се Управата за социјално осигурување, Управата за ветерани.

Основни информации од сите владини агенции, за кои Одделението за федерални бенефиции обезбедува услуги, се достапни преку интернет.

Овие веб страници се дизајнирани главно за користење на територијата на Соединетите Држави. Управата за социјално осигурување и Управата за ветерани имаат посебни страници посветени на корисниците на бенефиции кои живеат надвор од земјата.

Одделение за иселенички визи

Прашањата во врска со иселеничките визи може во било кое време да се пратат до Одделението за иселенички визи преку електронска пошта. Ќе се направат сите напори за да се одговори на сите ваши барања и прашања во рок од три работни дена. Прашања може да се постават и преку телефон на следниов број: ++389-2-310-2000, секој ден од 15:00 до 16:30 часот.

Термини: Услугите за иселенички визи, освен одговори на општи прашања, се добиваат само во закажан термин. Ве молиме пратете барање за услуга, или закажете термин. 

Aдреса:
Одделение за иселенички визи, Конзуларна секција
Амбасада на САД, стр. Самоилова 21
1000 Скопје, Република Северна Македонија
Електронска пошта: consularskopje@state.gov

Одделение за неиселенички визи

Одделението за неиселенички визи ги процесира апликациите за привремени визи во Соединетите Држави. Ова вклучува туристичка виза, бизнис виза, студенстка виза и привремена дозвола за работа. Апликациите за виза се прифаќаат само со термин.
Тел: ++389-2-310-2000.
Електронска пошта: consularskopje@state.gov

Агенции на САД

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Северна Македонија над 500 милиони долари. УСАИД имплементира проекти кои креираат нови работни места, ја редуцираат корупцијата и ги подготвуваат македонските студенти за новата работна околина. Овие иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја подржуваат транзицијата на Северна Македонија кон стабилна и просперитетна демократија.

УСАИД Северна Македонија: од американскиот народ

Агенции на САД

Мировен Корпус е американска владина организација, основана во 1961 година од претседателот Џон Ф. Кенеди, посветена на светскиот мир и пријателство.

Трите цели на Мировниот Корпус до денес остануваат непроменети:

• Да обезбеди доброволци што ќе дадат свој придонес во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
• Да им помогне на луѓето од земјите домаќини да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
• Да им помогне на луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите ширум светот.

Од 1996 година, па се до денес, повеќе од 200 доброволци на Мировниот Корпус соработуваа со нивните колеги од Северна Македонија.

Сега би сакале и вас да ве поканиме да се вклучите …Мировен Корпус – Северна Македонија