Мисија на Амбасадата

Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија се решени да го прошират и продлабочат блиското партнерство помеѓу двете земји, кое се заснова на заеднички цели, интереси и вредности. Двете земји сакаат да ги подобрат меѓусебните стратешки односи преку интензивни консултации и соработка на полето на безбедноста, врските помеѓу граѓаните, и преку трговијата.

Соединетите Држави и Северна Македонија ја потврдуваат својата поддршка за начелата на суверенитет и територијален интегритет на државите, за целите и принципите на Повелбата на ОН, и за мултиетничка Северна Македонија во нејзините постоечки граници. …повеќе.