- Мисија на Амбасадата
- Кејт Мари Брнз, амбасадор
- Главни официјални лица
- Одделенија и канцеларии
- Општи информации за Амбасадата
За нас
Амбасадата на САД во Скопје работи со цел да ги унапреди билатералните односи со владата и народот на Република Северна Македонија, вклучувајќи надворешни работи, бизнис, граѓанско општество, образование и други области за промоција на прашања од заеднички интерес.
Општи информации
Амбасада на САД е затворена за јавност во саботите и неделите и за време на американските и македонските празници.
Амбасадата работи од понеделник до петок, од 8:00 до 16:30 часот, но работното време на некои оддели и агенции може да се разликува.
Конзуларен оддел
Целосни информации за визи, уплати и закажување за разговор се достапни на:
- Нашата веб страна.
- Преку телефонските броеви (+389) 2 551 7475 во Северна Македонија и (703) 520 2257 во САД.
- Skype кај usvisamacedonia
Прашања во врска со конкретни случаеви што во моментот се процесираат од страна на Амбасадата може да бидат доставени преку е-пошта до Конзулариот оддел или преку телефонскиот број на Амбасадата на +389 2 310-2000.
Итни случаеви во кои се вклучени државјани на САД, можат да се пријават по телефон до Конзуларниот оддел на Амбасадата на САД на +389 (2) 310-2000. Овој број е достапен 24 часа, седум дена во неделата. Надвор од вообичаеното работно време, Ве молиме да побарате да разговарате со дежурниот службеник за да пријавите вонредна состојба во која се вклучени американските државјани.
Американски државјани можат да поднесат апликации за пасоши или регистрација на дете родено надвор од САД или да побараат други конзуларни услуги во Амбасадата за време на редовните работни часови на одделот за државјани на САД.
Вебмастер
Ги очекуваме вашите коментари, сугестии, барања, или поплаки.
Поради тоа што имаме ограничен број на персонал, не секогаш ќе бидеме во можност да одговориме на вашите пораки, но ве уверуваме дека ги цениме и вреднуваме вашите коментари.
Пристапот на сите корисници до нашите материјали е од големо значење за нас.
Доколку сте во сознание за било какви проблеми во врска со пристапот до нашите интернет страници, ние сакаме да знаеме за каков проблем се работи; ве молиме идентификувајте го проблемот со кој се соочувате и кажете ни ја адресата /URL-то на страницата.
Техничките проблеми (лоши линкови, лоши фотографии, нефункционирањето на неколку функции како што е опцијата за пребарување на податоци – search engine) треба да се пријават кај вебмастерот.
Контакт: Вебмастерот на Амбасадата.