Кејт Мари Брнз, амбасадор

Г-ѓа Кејт Брнз, амбасадор на САД во Република Северна Македонија, е ветеран во американската дипломатија со 26-годишен стаж во Дипломатската служба на Стејт департментот. Од септември 2017 – мај 2019, таа беше заменик шеф на мисија во Амбасадата на САД во Атина. Претходно, таа служеше како вршител на должност амбасадор во Мисијата на САД во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Виена, Австрија, каде исто така, беше и заменик шеф на мисијата од септември 2014.

Пред тоа, г-ѓа Брнз беше на позиции во Бирото за европски и евроазиски прашања на Стејт департментот; во Канцеларијата на државниот потсекретар за односи со јавност и јавна дипломатија, и во Комитетот за надворешни односи на Сенатот. Во периодот од 2007-2010, таа работеше како советник за односи со јавност во Мисијата на САД во НАТО во Брисел, Белгија. Во 2010-2011, г-ѓа Брнз беше виш цивилен претставник за надзор на владеењето и развојот во источен Авганистан, како дел од Меѓународните безбедносни сили за помош. Таа, исто така, ги има претставувано интересите на САД во Шпанија, во Боливија, во Унгарија и во Турција.

Од Стејт департментот на САД, г-ѓа Брнз има добиено осум награди за Највисока чест и за Заслуги и Награда за служба, како и две награди за заслуги за цивили службеници од Одделот за Армија на Министерството за одбрана на САД. Преку Програмата Пирсон, во 2002-2003, таа го претставуваше Стејт департментот во Конгресот на САД, а во 2012-2013, беше претставник на Стејт департментот во Фондацијата за лидерство на Меѓународниот форум на жени.

Жител на Сарасота, Флорида, г-ѓа Брнз има дипломирано Меѓународни односи и магистрирано Менаџирање со политики на Универзитетот Џорџтаун. Таа е во брак со Лари Скот Гејџ, пензиониран полковник на Морнарицата на САД.