Општи информации
Центарот за ресурси и информации (ЦРИ) на својата публика која ја сочинуваат контакти од медиумите, академци, професионалци, невладини организации и владини претставници, заинтересирани за САД, обезбедува пристап до моменталните целосни информации за Соединетите Американски Држави, за политиката и историјата на општеството на САД, надворешната политика, безбедноста, политичките процеси и културата.
Примарната улога на РЦИ е да работи како истражувачки и референтен сервис на мисијата, да обезбедува најнови вести за Северна Македонија и регионот, да оперира со електронски информативен сервис за одбрани контакти на канцеларијата за односи со јавност и да ги координира функциите на проектите на Американските Катчиња во Северна Македонија.
РЦИ добива барања по пат на пошта, телефонски, по факс и емаил за биографски информации, текстови од говори на официјални американски владини лица, написи од списанија и весници од САД, адреси на американски организации, американски think tanks и истражувачки институте.
РЦИ има публикации и памфлети издадени од Канцеларијата за меѓународни програми (Стејт Департмент на САД), кои може да се нарачаат по факс или емаил. Истите ќе се испорачаат до вас само во Северна Македонија.
Ресурси достапни преку нашиот Центар за ресурси и информации (IRC):
– Магазини/ неделни списанија
Електронски Бази
Dow Jones/FACTIVA
Пристап до повеќе од 6,000 целосни текстови од неделни списанија и поголеми извори на вести: Reuters, Wall Street Journal и New York Times. Ова е најсеопфатен светски сервис за бизнис информации, информации во врска со компаниите, индустријата, земјата и извештаи за истражување на пазарот.
Lexis-Nexis
Целосни текстови и информации од повеќе од 13,500 публикации од областа на правото, вести и бизнис светот. Сервисот Lexis содржи голема архива на американски федерални и државни правни случаи, најновите статути на сите држави, како и државни и федерални регулативи. Сервисот Nexis е водечки сервис за вести и бизнис информации од повеќе од 13,500 извори, вклучувајќи регионални, национални и интернационални весници, портали за вести, магазини и бизнис списанија.
Galenet/Infotrac® Onefile
Овозможува целосни текстови на натписи и извадоци од најразлични теми како бизнис, тековни настани, економија, образование, животна средина, здравство, право, литература и уметност, политика, наука, социјални науки, спорт и технологија.
Biography Resource Center
Овозможува биографии од извори на Gale Group во комбинација со целосни текстови на натписи од стотици списанија.
Gale’s Ready Reference Shelf
Вклучува 15 општи бази на податоци од Gale Groups, меѓу кои еEncyclopedia of Associations. Корисниците имаат пристап до информации за повеќе од 320,000 асоцијации, центри за истражување, издавачки куќи, принтани публикации, бази на податоци, и телевизиски и радио станици.
Бази на податоци за лидерство
Овозможува електронски пристап до бази на податоци за конгресна, федерална, државна и општинска власт, право, претпријатија, невладини организации и медиуми.
STAT-USA (Министерство за трговија на САД)
Тековни и историски статистики поврзани со економија и трговија. Подготвено од Министерство за трговија на САД, STAT-USA е веродостоен, тековен извор на информации, и вклучува Национална база на податоци за трговија, Globs (глобални бизнис можности), трговски прирачници за секоја земја, тековни економски вести и многу повеќе. (CD-ROMs, публикации на Владата на САД, и книги со основни податоци).
Интернет сајтови (CRS)
Центарот за ресурси и информации
- Федерација на американските научници – воени и теми од областа на безбедноста
- Странски Прес Центар – тековни извештаи
- Национален совет за наука и за животна средина – теми од областа на животната средина
- Комисија за Правилата при Домот на САД – законодавен процес.
(Сите CRS извештаи не се достапни на Интернет, ве молиме да нé контактирате.)
Интернет сајтови за договори
Центарот за ресурси и информации
- Интернет библиотека за договори и меѓународни закони
- Проект Авалон при Правниот факултет на Yale – (пред 18-21 век)
- Приватно меѓународно право – (Стејт Департмент)
- Пракса на САД во меѓународно право – (Стејт Департмент)
(Сите договори не се достапни на Интернет, ве молиме да не контактирате.)
Aмерикански катчиња во Северна Македонија
Програмата на Aмериканските катчиња е спонзорирана во целиот свет преку Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и е резултат на партнерството помеѓу Амбасадата на САД и институцијата домаќин.
Целта на Kатчињата е да обезбедат бесплатни информации за САД на пошироката јавност преку книги, списанија, мултимедијални компакт дискови и бесплатен интернет пристап. Има и посебен дел за информации поврзани со напорите за спречување на трговијата со луѓе и на тероризмот.
Американските катчиња се исто така домаќин на голем број настани: културни програми, предавања со гости од Амбасадата на САД, со Фулбрајт стипендисти и други, филмски и видео проекции, поетски читања, часови за разговор на англиски јазик, Клуб на читатели, читање на приказни за деца, и многу други активности.
Важна мисија на Американските катчиња е да градат мостови на разбирање помеѓу луѓето во Соединетите Американски Држави и во Република Северна Македонија.
За сите информации поврзани со Американските катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.