Додипломски и постдипломски студии

Освен академските предмети, институциите за високо образование во САД исто така нудат програми фокусирани на пракса за повисока професионална обука. Таквите програми најчесто може да се најдат во две-годишните “јавни колеџи.” Освен сертификатите и дипломите, студентот може да добие “диплома од прв степен” по две години студии.

Вообичаен академски степен што го добиваат студентите во Америка е “Дипломиран…“ (Bachelor of Arts – BA; Bachelor of Science – BS). Овoj степен се добива по завршување на четири години студии. Во првите две години од студирањето, американските студенти следат одреден број општи предмети. По втората година, американските студенти земаат еден главен предмет (или два), и следните две години од студирањето следат предмети во овие академски дисциплини (иако не се лимитирани само на нив).

Оние кои избираат да продолжат понатаму со своето образование за уште една до две години, се стекнуваат со степен магистер. Овие таканаречени “Магистерски степени” се нудат само во универзитетите, а не и на колеџ. Исто така, само универзитетите нудат специјалистички степени, како на пример Јурис Доктор (за право), Доктор по медицина (за медицина), и познатиот Магистерски степен по бизнис администрација, или МБА. Обично, потребни се две до четири години за да се завршат овие специјалистички студии.

За да добиете Докторат (Доктор по филозофија, Ph.D.) во Соединетите Држави, потребни се четири до шест години. Првата фаза од докторските студии обично трае две години и завршува со обемен испит по сите предмети што сте ги слушале до крајот на таа фаза на предавањата. Овој испит се вика “прелиминарен испит” или “квалификациски испит.” По завршувањето со овие испити, студентот може да го започне истражувањето за својата доскторска дисертација.

Студиите што водат до диплома на магистер, специјалистички дипломи, или докторат, се познати како “постдипломски студии.”