Образовна размена

Владата на САД спонзорира повеќе академски, професионални и културни програми за размена, наменети за млади, студенти, наставници, професионалци, уметници, спортисти и идни лидери во Република Северна Македонија. Целта на овие програми е да се негува меѓусебно разбирање помеѓу Соединетите Држави и Република Северна Македонија.

Амбасадата на САД, во координација со Бирото за образовни и културни прашања, водат неколку програми за размена, додека другите програми се администрираат во соработка со партнерски организации.

Сите информации за стипендии за програмите на Владата на САД, администрирани од Амбасадата на САД во Северна Македонија, може да ги најдете на веб-страната на Амбасадата на САД (https://mk.usembassy.gov/mk/) и на нашиот Фејсбук профил. Роковите за аплицирање се разликуваат во текот на годината, и затоа програмите се најавуваат во различни периоди.  За да бидете во тек со сите можности за образовни размени, ве молиме посетувајте ја често нашата веб-страна или следете не на Фејсбук.

Учеството во програмите за размена во САД е врз основа на заслуги и секоја програма има свои критериуми за селекција. Кандидатите се оценуваат според академската извонредност, потенцијалот за лидерство, познавањето на англискиот јазик, областа на студија и истражување, како и подготвеноста за посета и живеење во Соединетите Држави. Програмите нудат еднакви можности за сите кандидати и нема дискриминација врз основ на раса, боја, пол, религија, етничка припадност, сексуална ориентација или инвалидитет.

Дополнителни информации за образовните програми за размена

Tестирање (Образование во САД /Стејт Департмент на САД)

Како дел од процесот за аплицирање, повеќето американски колеџи и универзитети бараат да се помине американскиот стандардизиран тест за запишување. Колеџите и универзитетите користат тестови за запишување како начин  сите апликанти (и од САД и од другите земји) да се проценат според истиот стандард. Овие тестови за запишување обично се тестови каде треба да се избере еден од повеќе дадени одговори за што е потребно  добро познавање на англискиот јазик. Некои од нив исто така бараат познавање на математиката или добро познавање на содржината поврзана со студиите.  Важно е да се каже дека резултатот од тестот е само еден од факторите  при проценувањето на апликацијата на еден меѓународен студент.

Teстови

Подготвување за тест

Календар на тестови (по барање ќе ви биде доставен од Гордана Мирчич од Американското Катче од Скопје)

Дополнителни информации за образовните програми за размена

Акредитацијата е систем на признавање и гаранција за квалитетот на институциите и програмите за високо образование во Соединетите Држави. Кога избирате програм за студии, една од главните прашања треба да се однесува на тоа дали програмата е соодветно акредитирана. Во Соединетите Држави не постојат никакви законски ограничувања околу употребата на зборовите “акредитиран,” “орган за акредитација,” или „асоцијација за акредитација“.  Како резултат на ова, важно е да проверите дали институцијата или нејзините програми имаат акредитација од “признат” орган за акредитација, а таков е органот што исполнил еден или двата критериуми подолу:

Признавањето од страна на Министерството за образование на САД или членството во ЦХЕА или АСПА е показател на веродостојноста на асоцијацијата за акредитирање.

Професионалните училишта и колеџи за технологија (на пр. Институциите што предаваат сметководство, филм, театар) се акредитираат од страна на Комисијата за акредитирање на професионалните училишта и колеџи за технологија (AЦЦСТ). АЦЦСТ е член на Cоветот на признаени национални агенции за акредитирање (ЦРНАА).

Програмските тела за акредитирање акредитираат специјализирани и професионални програми или катедри наместо цели институции. Честопати, таквите програми или катедри се нудат, или се дел од институции што веќе имаат институционална акредитација, така да може да бидете сигурни во нивната легитимност и општ квалитет. Едно програмско тело за акредитирање се смета за “признаено” доколку истото е член на Советот за акредитирање на институции за високо образование (ЦХЕА) или на Асоцијацијата за специализирани и професионални акредитори (АСПА). Членството во ЦХЕА или АСПА е индикатор за веродостојноста на асоцијацијата за акредитирање на програмата. Министерството за образование на САД ги признава само националните и регионалните тела за акредитирање и не се инволвира во акредитација на програми.

Институционалното акредитирање може да се подели на два типа: регионално акредитирање и национално акредитирање. Регионалното акредитирање е основен вид на институционално акредитирање што се користи во Соединетите Држави. Ова се врши од страна на шест организации што покриваат различни географски региони на земјата. Шестте регионални тела за акредитирање заедно опслужуваат  над 3.500 од вкупно околу 3.600 образовни институции во Соединетите Држави што нудат дипломи. Тие се:

Ресурси

Финансиска Помош

Дополнителни информации за образовните програми за размена
Финансиска помош  (Education USA/Стејт Департмент)

Сите видови  школарини и финансиска помош за меѓународните студенти се високо конкурентни и бараат одлични академски достигнувања. Ќе видите дека термините “школарина” и “финансиска помош”се користат наизменично, но технички, школарината е финансиска награда доделена врз основ на заслуги, и подразбира извонредни академски резултати, посебен талент во областа на спортот или некоја изведувачка уметност, или можеби служба на заедницата или лидерство. Финансиската помош е грант кој се доделува врз основа на “потребите” на студентот за финансиска поддршка, документирано со потврда за вкупниот приход на целото семејство, проценка на имотот и други фактори.

Информации за измами за школарини може да најдете во Finaid.org.

Ве молиме осигурајте се дека сте запознаени со сите прописи за виза за вашата програма на размена.

Програми за размена спонзорирани од Амбасадата

  • Програма за медиумски лидери од Северна Македонија

    Програмата за медиумски лидери од Северна Македонија (ММЛП) е програма за професионалeн развој на новинари и медиумски професиналци од Северна Македонија. ММЛП има за цел да ги зајакне медиумите во Северна Македонија преку работа со професионалци во медиумите преку негување на лидерски вештини, развој на професионализам во медиумите, и проширување на професионалните мрежи. ММЛП е финансирана од Секторот за односи со јавноста на Амбасадата на САД во Скопје. …

Дополнителни линкови за образованието во САД

  • Mакедонско американската алумни асоцијација (MAAA)

    Македонско американската алумни асоцијација е неполитичка, непрофитна и целосно приватна и волонтерска организација. Главните цели на МААА е да ги соедини учесниците на Програмите на САД за размена (Хуберт Хамфри, Вилијам Фулбрајт, Рон Браун и други програми) со цел да се промовираат професионалните контакти и да се олесни размената на идеи со колеги и алумни асоцијациите од другите земји. Асоцијацијата има перманенти контакти и редовна соработка со другите Алумни асоцијации од САД и целиот свет. Има посебна соработка со Маѓународниот институт за образование (ИИЕ) од Вашингтон, САД, кој финансира размени и ги координира алумни активностите. Асоцијацијата работи директно со Секторот за односи со јавност на Амбасадата на САД при спроведување на образовните и културните програми, вклучувајќи ги размените за американски експерти во Северна Македонија.

  • State Alumni-Твојата глобална заедница

    Бирото за образование и култура на Стејт Департментот на САД ги поканува сите поранешни учесници на програмите за размена од Централна Европа и Евроазија да се придружат на Стејт Размена. Тоа е онлајн заедница формирана од и за овие алумни.

  • EducationUSA: Ваш водич за високото образование во САД

    Вратите на образовните институции во САД се отворени за сите квалификувани студенти од целиот свет.

  • Онлајн форум за наставници по англиски јазик

    Тримесечно списание за наставници кои го предаваат англискиот јазик како странски или како втор јазик. Форумот за наставници по англиски јазик е меѓународно, професионално списание што се објавува од американскиот Стејт Департмент за наставници кои предаваат англиски јазик како странски јазик (ЕФЛ). Мисијата на Форумот има за цел да придонесува за професионалниот развој на своите читатели во целиот свет, нудејќи написи што ја одразуваат моменталната теорија и практика што се користи во учењето на англискиот јазик.