Американско катче Тетово

Американското катче во Тетово официјално е отворено на 17 јануари, 2008. Катчето претставува плод на соработка и партнерство помеѓу Канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје, Општина Тетово, Домот на Култура во Тетово, како институција домаќин, и НВО Аурора.

Американското катче во Тетово, како и другите катчиња во Северна Македонија, нуди бесплатно членство и информации за јавноста во врска со Соединетите Држави, преку богата колекција на книги, списанија, ЦД/ДВД датотеки, специјални публикации и преку овозможување на Интернет пристап за истражувања. Програмата на американското катче опфаќа многу настани како: предавања, видео и ДВД проекции, работилници, дискусии, часови за конверзација на англиски јазик и читање на приказни за деца.

На полето на образованието, нуди советувања за млади заинтересирани да учат и студираат во САД, а истовремено служи и како алумни центар каде граѓаните на Република Северна Македонија, кои биле во САД преку програма за размена, имаат можност да се среќаваат и да одржуваат контакти со нивните пријатели во САД.

За сите информации поврзани со американски катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.