Американското катче во Струга официјално е отворено на 30 ноември 2010 година и е петтото Американско катче во Северна Македонија. Ова Американско катче претставува партнерство помеѓу Канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје, Општина Струга и МОФ (Младински образовен форум), како наш партнер.
Американското Катче во Струга функционира како информативен центар и нуди разни книги, списанија, публикации, како и пристап до Интернет за истражувања. Членството е бесплатно и наменето за целата јавност, поточно, за секој кој е заинтересиран да добие информации за културата во САД, образованието во САД, програмите за размена итн.
Катчето има месечна програма која е исполнета со разни настани како на пример, клуб за деца, презентации на теми од образованието, општеството и културата, разговори на англиски, часови за пишување и јавни настапи, часови по англиски јазик, прикажување на филмови и работилници.
На полето на образованието, Американското катче во Струга нуди пристап до информации за студирање во САД и дејствува како алумни центар каде македонските граѓани што престојувале во САД преку некоја програма за размена можат да разменат мислења како и да одржуваат контактите со нивните пријателите во САД.
За сите информации поврзани со американски катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.