Американско катче Штип

Американското катче во Штип официјално е отворено на 3 март 2010 година. Ова катче е четврто по ред во Северна Македонија и прво во источниот дел на  Северна Македонија. Ова Американско катче претставува партнерство помеѓу Канцеларијата за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје, Националната установа – универзитетска библиотека „Гоце Делчев“ Штип, и МОФ (Младински образовен форум), како наш партнер.

Американското Катче во Штип функционира како информативен центар и нуди разни книги, списанија, публикации, како и пристап до Интернет за истражувања. Членството е бесплатно и наменето за целата јавност, поточно, за секој кој е заинтересиран да добие информации за културата во САД, образованието во САД, програмите за размена итн.

Катчето има месечна програма која е исполнета со разни настани како на пример, клуб за деца, презентации на различни теми од образованието, општеството, културата и друго актуелни теми, разговори на англиски, центри за пишување, вечери за учители по англиски јазик, прикажување на ДВД, работилници итн.

На полето на образованието, катчето нуди секаков вид на информации за студии во САД и дејствува како алумни центар каде македонските граѓани што престојувале во САД преку некоја програма за размена можат да разменат мислења како и да одржуваат контактите со нивните пријателите во САД.

За сите информации поврзани со американски катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.