Американско катче Битола

Американското катче во Битола официјално е отворено во октомври 2003 година. Катчето е партнерство меѓу Канцеларијата за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.

Американското катче нуди многу книги и списанија, а овозможува и Интернет пристап за истражувачки цели. Исто така, организира разни програми: предавања, филмски и ДВД проекции, работилници, дискусии, часови за разговор на англиски јазик. На полето на образованието, нуди советувања за млади заинтересирани да учат и студираат во САД, а истовремено служи и како алумни центар каде граѓаните на Република Северна Македонија, кои биле во САД преку програма за размена, имаат можност да се среќаваат и да одржуваат контакти со нивните пријатели во САД.

  • Погледнете го видеото за Американското катче во Битола на нашиот YouTube канал!

За сите информации поврзани со американски катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.