Програмата на Aмериканските катчиња е спонзорирана во целиот свет преку Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави и е резултат на партнерството помеѓу Амбасадата на САД и институцијата домаќин.
Целта на Kатчињата е да обезбедат бесплатни информации за САД на пошироката јавност преку книги, списанија, мултимедијални компакт дискови и бесплатен интернет пристап. Има и посебен дел за информации поврзани со напорите за спречување на трговијата со луѓе и на тероризмот.
Американските катчиња се исто така домаќин на голем број настани: културни програми, предавања со гости од Амбасадата на САД, со Фулбрајт стипендисти и други, филмски и видео проекции, поетски читања, часови за разговор на англиски јазик, Клуб на читатели, читање на приказни за деца, и многу други активности.
Важна мисија на Американските катчиња е да градат мостови на разбирање помеѓу луѓето во Соединетите Американски Држави и во Република Северна Македонија.
За сите информации поврзани со Американските катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.