Американското катче во Скопје официјално е отворено во јануари 2005 година. Катчето е партнерство помеѓу Секторот за односи со јавност на Амбасадата на САД во Скопје, Градската библиотека “Браќа Миладиновци” во Скопје и Министерството за култура на Република Северна Македонија.
Американското катче нуди многу книги и списанија, а овозможува и Интернет пристап за истражувачки цели. Исто така, организира разни програми: предавања, филмски и ДВД проекции, работилници, дискусии, часови за разговор на англиски јазик. На полето на образованието, нуди советувања за млади заинтересирани да учат и студираат во САД, а истовремено служи и како алумни центар каде граѓаните на Република Северна Македонија кои биле во САД преку програма за размена имаат можност да се среќаваат и да одржуваат контакт со нивните пријатели во САД.
- Погледнете го видеото за Американското катче во Скопје на нашиот YouTube канал!
За сите информации поврзани со американски катчиња во Северна Македонија и нивните месечни програми и настани, посетете ја веб-страницата на Американски катчиња во Северна Македонија.