Обраќање на амбасадорот на САД Џес Бејли пред учесниците на Драгун Гардијан 17

Војниците на американската војска на Европа го преминуваат граничниот премин Деве Баир и влегуваат во Македонија.

28 јули, Куманово 

Ви благодарам градоначалник Дамјановски Убаво е да се биде денес во Куманово со вас, министерот Шекеринска и генералот Милески за пречекот на потполковникот Хајмс и Инженерискиот сквадрон од Вториот коњички полк на Армијата на САД во Европа и  почетокот на вежбата Драгун гардијан.

Во наредните десет дена, војниците од нашите две земји  ќе работат заедно за подобрување на нивната подготвеност. Тие ќе извршуваат неколку комплексни инженериски и медицински задачи со што ќе се потврди нивната способност да се справат со сите предизвици што можат да се појават.

Соодветно е што ја започнуваме вежбата овде во Куманово – град што историски претставува раскрсница помеѓу Македонија и нејзините соседи, поврзувајќи ги трговските и транспортните патишта од истокот и западот со северот и југот.  Вежбите како Драгун гардијан се слични по својата улога; ги поврзуваат војниците, земјите и регионите во потрагата по нашите заеднички цели.

Прво, заедничките вежби како оваа, ги поврзуваат нашите војници.  Работејќи заедно нашите војници развиваат меѓусебни лични врски, коишто врски ги поврзуваат нашите земји, но истовремено, тие претставуваат и гаранција дека нашите две армии можат заеднички да комунициртаат и да функционираат.

Со гордост можеме да кажеме дека оваа година скоро 600 војници од Македонија ќе учествуваат на мултинационални вежби спонзорирани од САД во Европа.  Како што нашите трупи можеа да забележат во изминатиот месец за време на вежбата Сејбер гардијан, македонските војницисе вешти, посветени и паметни. Да се работи со нив не прави посилни.

Врските ги градиме преку вежбите, а истите ги тестираме на военото поле.  Војници од Македонија се борат рамо-до-рамо со американци во Авганистан и Ирак уште од 2002.  Знам дека Армијата на САД има голема почит за своите колеги од Македонија. Нивната храброст и посветеност ја видовме во 2011, кога им се придружија на силите на САД во одбраната на Амбасадата на САД во Кабул.

Заедничките вежби исто така ги зближуваат и нашите две земји.

Во текот на следната недела, војниците на САД и на Македонија ќе посетат повеќе градови ширум Македонија за да покажат како работат заедно во обезбедување на заедничката безбедност. Се надевам дека граѓаните од земјата ќе ја искористат оваа можност за да ги поздрават војниците и да научат повеќе за тоа што тие прават. Не можам да замислам подобри претставници на САД од овие “драгунс“. Исто така, тие ќе донесат и впечатливи возила, како овие што денес ги гледате овде!

На крај, заедничките вежби ја доближуваат Македонија кон НАТО. Важно е да се напомене дека членството во НАТО не е нешто за што само се зборува. Преку билатерални обуки и вежби и преку настани и операции поддржани од НАТО, ние и помагаме на Македонија да се подготви за полноправно членство во НАТО.

Во овој поглед, прикладно е што денес посакуваме добредојде на Вториот коњички полк, што е историски полк и се борел во речиси сите големи воени операции на САД уште од почетокот на 19-тиот век. Нивното мото е “Tojours pret”- секогаш спремни.  Минатиот месец се навршија 100 години откако“драгунс“ го придружуваа генералот Першинг и тие беа првите војници кои слетаа во Франција кога САД се приклучија во Првата Светска Војна.  Денесполкот е дел од Иницијативата за европска сигурност, што работи на трансформацијата на Армијата на САД за Европа во една полесна и поподвижна сила што тесно соработува со сојузниците и земјите партнери на НАТО…

Следната недела, заменикот претстедател Пенс ќе патува во Црна Гора за да се сретне со лидерите на Самитот на Јадранската повелба. Минатиот месец во Вашингтон, тој рече: “Политиката на НАТО за отворенa вратa мора секогаш да остане таква за сите оние земји што ги споделуваат нашите вредности, што сакаат да придонесуваат во најуспешната алијанса во историјата и што бараат посветла иднина на безбедност и просперитет за нашите земји и за светот.” Соединетите Држави работат да ја видат Македонија како станува дел од НАТО, било да е преку поддршка на реформите за зајакнување на демократијата, или преку вежби како што е Драгун гардијан.

Благодарност до сите што помогнаа да се организира вежбата Драгун гардијан, и на потполовникот Хајмс.  Се радувам на посетата следната недела  на Криволак.