Делегација на Претставничкиот дом на САД во посета на Македонија, 11 мај 2017

Делегација на претставници на Конгресот на Соединетите Држави беше во посета на Македонија на 11 мај 2017, во склоп на една регионална посета во текот на која се разговара  за различни  прашања, вклучувајќи ја демократската политичка клима и економскиот раст на Балканот. Двопартиската делегација, предводена од конгресменот Боб Гудлате, претседател на Комитетот за правосудство, се сретна со претседателот на Собранието Талат Џафери, со пратеници, и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Делегацијата исто така се сретна со министерот за одбрана Зоран Јолевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски во касарната Илинден, каде Воената полиција ја презентираше опремата финансирана од САД. На состаноците се разговараше за зајакнување на владеењето на правото во Македонија, за воената соработка, и процесот на формирање на влада.