Соопштенија за Медиумите: Свечено завршување на реновирањето на Здравствениот Дом Гевгелија

На 30 април 2015, четврток, амбасадорот на САД, Џес Бејли, заедно со министерот за здравство, Никола Тодоров и директорот на Здравствениот Дом во Гевгелија, Томислав Петков, ќе присуствуваат на церемонија по повод завршувањето на реновирањето на оваа институција во Гевгелија. Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 323.000 долари, при што се постави нов покрив и нова надворешна фасада, а се изврши и целосно реновирање на центарот за педијатриска нега, на одделот за имунизација и на тоалетите на вториот спрат во Здравствениот дом. Ова реновирање значително ќе го подобри квалитетот на медицинската нега за граѓаните во поширокиот регион на Гевгелија.

Се покануваат медиумите да ја покријат свеченоста и изјавите на амбасадорот Бејли, министерот Тодоров и директорот Петков, со почеток во 11:00 часот, во четврток, 30 април