Соопштенија за Медиумите:
Свечено завршување на новата зграда на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во општина Кисела Вода, Скопје
14 октомври 2015
На 15 октомври 2015, четврток, амбасадорот на САД, Џес Бејли, заедно со премиерот Никола Груевски, министерот за образование и наука, Абдулаќим Адеми, заменикот министер за образование и наука Спиро Ристоски, министерот за труд и социјална работа Диме Спасов и градоначалникот на општина Кисела Вода, Биљана Беличанец- Алексиќ ќе присуствуваат на церемонија по повод завршувањето на проектот: нова зграда за Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” во Скопје. Европската команда на Армијата на САД го финансираше проектот во вредност од 363.000 долари со цел да се обезбеди нова зграда со шест училници и една сала за наставници. Овој нов објект е изграден според високи стандарди за квалитет и безбедност, во согласност со најновите упатства и стандарди за ученици со оштетен вид. Овој проект во голема мера ќе го подобри квалитетот на образованието за најранливата група на деца во Македонија. Се канат медиумите да ја покријат церемонијата и изјавите на амбасадорот Бејли, премиерот Груевски и министерот за образование Адеми, со почеток во 11:00 во четврток, 15 октомври