Обраќање на затвoрање на конференцијата на Здружението на судии „Кон Европско судство: предуслови и предизвици“ 29 март, 2019 година
Министер Дескоска, судија Саити, амбасадор Која, амбасадор Пломп, почитувани судии и гости, ви благодарам што ме поканивте денес да се обратам.
Чест ми е да го прославам денот на судството со сите вас. Во секоја демократија судството игра витална улога во креирање на основи врз кои демократијата ќе почива успешно, или не.
Граѓаните во една демократија треба да се сигурни дека имаат еднакви права на непристрасно судство. Исто така, граѓаните треба да се сигурни дека се подеднакво одговорни пред правдата, без оглед на која позиција се или какви конекции имаат. Додека Северна Македонија гледа да го финализира членството во НАТО и да ги отпочне преговорите за членство во ЕУ, очите на светот се вперени во вас, особено на вашите активности за јакнење на законите и праксите кои гарантираат владеење на право и слепа правда.
Ние видовме значаен прогрес во оваа област. Усвојувањето на Законот за спречување корупција на 17 јануари е навистина значајно остварување. Вие сега имате функционална Комисија за спречување корупција и конфликт на интереси која има поголема независност и моќ да истражува активности на јавни функционери и политички партии. И на 4 март собранието усвои три важни и реформски закони кои треба да обезбедат посилно судство, поеднаква првада и подобри заштити на човековите права.
И сега, собранието дискутира важен закон за јавното обвинителство и специјалното јавно обвинителство. Овие обвинителства се во срцето на напорите на вашата земја да гонат корупција и да ја повратат вербата на јавноста во независен судски систем. Затоа, капацитетите и независноста на овие обвинителства треба да се обезбедат.
Судските реформи не можат да бидат само на хартија. Важно е да се усвојат фер и здрави закони, но исто така реформите треба да бидат за промена на пракси, навики, и предрасуди.
Интегритетот е клучната состојка која го јакне владеењето на правото и тоа започнува тука со сите вас. Единствениот пат напред е да се продолжи со јакнење на демократските контроли на отчетност, пополнување на празнината меѓу законите и нивната примена, поддршка на јавната одговорност.
Граѓанското општество, медиумите и јавноста треба да се заштитници за да не дојде до назадување, и треба да бараат поголема одговорност и напредок.
Амбасадата на САД е ваш партнер во ова. Неодамна дониравме опрема за аудио снимање во сите судници во Основниот суд Скопје 1 со цел јакнење на одговорноста и транспарентноста. Заедно со Здружението на судии го создадовме првиот судско-медиумски совет за јакнење на довербата и соработката меѓу судиите и новинарите, што значи дека јавноста е подобро информирана за судските постапки.
Заедно со Академијата за судии и јавни обвинители обезбедуваме обуки и студиски посети за подобро искуство и професионални вештини на правниците низ Република Северна Македонија. Ги поддржуваме истражителите, обвинителите и судиите кои бараат соработка со институции од САД за спроведување на правдата.
Почитувани гости, нема скратени патеки кога станува збор за владеење на правото и борбата против корупцијата.
Тие му служат на народот на Северна Македонија кој бара правда, еднаквост пред законите и правна сигурност. Тоа е тешка но важна работа.
Ви честитам на денот на судството и ве повикувам сите позитивно да го трансформитате владеењето на правото секој ден во секоја судница низ Република Северна Македонија.
Ви благодарам.