Одлична работа за Македонија и за граѓаните на Македонија е што процесот на формирање на влада се движи кон наредна фаза, а на повидок е формирање на нова влада. Исто така, важно е да се истакне дека претседателот Иванов и лидерите на партиите од коалициското мнозинство најдоа начин да соработуваат на конструктивен начин и да стигнат на ова позитивно место за граѓаните на Македонија.
Очекуваме дека по формирањето на новата влада ќе соработуваме со истата; се надеваме дека ќе се формира брзо. Уште многу работа треба да се направи за Македонија да може да се придвижи напред кон итните реформи и да оствари напредок на патот кон Евро-атланстката заедница. Соединетите Држави остануваат пријател и партнер на Македонија, и се надеваме дека ќе соработуваме со новата влада во поддршка на тие реформи и на тој напредок.