Општи информации
Канцеларијата за Економски и Трговски прашања работи на промовирање на интересите на економската политика на САД, на поддршка и зајакнување на билатералните односи меѓу САД и Република Северна Македонијаи на промовирање можности за трговија за американските бизниси. Заедно со Канцеларијата на Службата за Надворешна Трговија на САД во Софија, Бугарија, им помагаме на американските компании во изнаоѓање можности за трговски зделки и инвестирање во Република Северна Македонија.
Националната Извозна Иницијатива е клучна компонента на таквата активност и ние ги охрабруваме извозниците од САД да ја посетат интернет страната на Националната Извозна Инцијатива и интернет страната наменета за извозници на Министерството за Трговија на САД. Исто така, ние ги поддржуваме и инвестициите во американската економија и на инвеститорите кои бараат такви можности им препорачуваме да ја посетат интернет страната Инвестирајте во Америка.
За повеќе информации за Водење Бизнис во САД, кликните овде.