Договор за спорот за името Македонија

Изјава за печат

Хедер Ноерт
Портпарол на Стејт Департментот
Вашингтон
12 јуни 2018

Соединетите Држави им честитаат на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев и го поздравуваат историскиот договор за решавање на спорот за името. Ова решение ќе им биде од корист и на двете земји и ќе ги зајакне регионалната безбедност и просперитет. Премиерите Заев и Ципрас покажаа визија, храброст и истрајност во потрагата по взаемно прифатливо решение. Ние, исто така, ја поздравуваме посветеноста на посредникот на ОН, Метју Нимиц, и неговите непоколебливи напори, во текот на повеќе од две децении, да стави крај на овој спор.

Подготвени сме да го поддржиме овој договор, како што двете земји побараa.

https://www.state.gov/r/pa/prs/ps/2018/06/283164.htm